Wikiversity

INSEE (француски: Institut National de la Statistique et des Études Économiques = „Државен институт за статистика и економско истражување“) е државна установа во Франција задолжена за статистика и проучување на економската состојба. Собира, анализира и објавува податоци за француската економија, општеството и организира повремени пописи. Установата е сместена во Париз и претставува француски огранок на европскиот статистички систем Eurostat. INSEE е основан во 1946 г. како наследник на Државата статистичка служба (SNS) формирана од Вишиевците за време на II светска војна.

Задачи

INSEE е задолжен за прибирање и анализа на статистички податоци во земјата. Најважни должности се:

  • Организирање и објавување на пописи
  • Подготовка на разни индекси (високопочитувани заради нивниот извонреден квалитет) како индекс на инфлација за определување на наемнините и градежните трошоци.
  • Eurostat ги користи статистиките на INSEE заедно со соние на други државни служби за составување на статистички прегледи на ЕУ во целина.

Организација

INSEE е во ресорот на Министерството за економија. Моменталниот директор е Жан-Филип Коти. Меѓутоа, Eurostat го смета INSEE за независен орган, макар што независноста не е пропишана со закон.[1]

Образовна и истражна дејност

Истражната и образовната дејност на INSEE ја врши GENES (Groupe des Écoles Nationales d'Économie et Statistique) во која спаѓаат:

  • ENSAE (L'École nationale de la statistique et de l'administration économique) - школа за државни службеници и техничари на INSEE од областа на статистиката, економијата и финансовото работење.
  • ENSAI, (L'École nationale de la statistique et de l'analyse de l'information) - школа за техничари.

Кодови и систем

INSEE назначува бројчено индексирани кодови на разни единици, правни и физички лица во Франција:

  • INSEE-броеви (13 бројки + назнака од 2 бројки) - единствен матичен број за жителите ([физичко лице|физички лица]). Форматот е следниов: пггммлллллррр кк, where
    • п - пол: 1 = машки, 2 = женски (за постојан број) или 7 = машки, 8 = женски (за привремен број),
    • гг - последните две бројки од годината на раѓање,
    • мм месец на раѓање. Ако месецот е непознат, се доделува бројка поголема од 20,
    • ллллл - место (локација) на раѓање
    • ррр - број на редослед, за разликување на лица родени во исто место, во ист месец и година.
    • 'кк' е „контролен клуч“ - назнаката еднаква на 97 (остатокот од бројот модуло 97).
      Тука постојат исклучоци за лица во извесни ситуации.[2]
  • SIREN се кодови за правни лица (фирми и непрофитни здруженија), а SIRET се кодови за нивните места на дејност.[3]

Поврзано

Наводи

  1. ACDC2007.free.fr - Извештај на Eurostat (француски)
  2. DSI.CNRS.fr Архивирано на 1 јули 2015 г. (француски)
  3. SIRENE.tm.fr Архивирано на 24 мај 2009 г. - База на SIRENE (француски)

Надворешни врски