LIMSwiki
Содржина
< XX век | XXI век | XXII век > | |||||||
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 100 |
Грегоријански календар | 2006 MMVI |
Ab urbe condita | 2759 |
Ерменски календар | 1455 ԹՎ ՌՆԾԵ |
Асирски календар | 6756 |
Бахајски календар | 162–163 |
Балиски календар | 1927–1928 |
Бенгалски календар | 1413 |
Берберски календар | 2956 |
Будистички календар | 2550 |
Бурмански календар | 1368 |
Византиски календар | 7514–7515 |
Кинески календар | 乙酉年 (дрв. петел) 4702 или 4642 — до — 丙戌年 (огн. куче) 4703 или 4643 |
Коптски календар | 1722–1723 |
Етиопски календар | 1998–1999 |
Еврејски календар | 5766–5767 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 2062–2063 |
- Сачка ера | 1927–1928 |
- Кали-југа | 5106–5107 |
Холоценски календар | 12006 |
Игбоански календар | 1006–1007 |
Ирански календар | 1384–1385 |
Исламски календар | 1426–1427 |
Јапонски календар | Хејсеј 18 (平成18年) |
Јавански календар | 1938–1939 |
Џуче-календар | 95 |
Јулијански календар | грегоријанската без 13 дена |
Корејски календар | 4339 |
Мингуо-календар | Тајван 95 民國95年 |
Нанакшахи | 538 |
Тајландски сончев календар | 2549 |
Тибетски календар | 阴木鸡年 (женско дрво-петел) 2132 или 1751 или 979 — до — 阳火狗年 (машки оган-куче) 2133 или 1752 или 980 |
Униксно време | 1136073600 – 1167609599 |
2006 (MMVI) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 2006 година од новата ера, 6. од третиот милениум, 6. од XXI век и седма од 2000-тите.
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7514 и 7515 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6756 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5766 и 5767 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2759.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 2006 година се протега во 4642 и 4643, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4702 и 4703 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2549. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1426 и 1427 исламска година.
Настани
- 1 јануари - Во Република Македонија стартуваше примената на Законот за заштита од пушењето.
- 25 јануари - Хамас победува на изборите во Палестинската самоуправа
- 10 јануари - Отворени се Зимските олимписки игри во Торино
- 3 јуни - Црна Гора прогласува независност
- 9 јуни - Започнува Светското Првенство во Фудбал
- 5 јули - Парламентарни избори во Република Македонија: Победа на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, која освои 44 пратенички мандати, пред коалицијата „За Македонија заедно“ предводена од СДСМ, која освои 35 мандати. Изборите се карактеристични со исклучително нискиот одзив на гласачите – само 53,6%. водачот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски стана премиер на Република Македонија.
- 12 јули - Започнува Израелско-либанската војна
- 14 јули - Љубчо Георгиевски, поранешен премиер на Република Македонија и поранешен водач на ВМРО-ДПМНЕ стана бугарски државјанин. Оваа постапка предизвика бројни полемики во Република Македонија околу неговата вистинска улога во политичкиот живот на земјата во претходните 15 години.
- 14 август - Стапува насила примирјето во Израелско-либанската војна
- 28 август - Формирана е новата влада на Република Македонија на чело со Никола Груевски
- 7 октомври - На конференцијата на СДСМ му е изгласана недоверба на претседателот на партијата, Владо Бучковски.
- 9 октомври - Северна Кореја извршува јадрена проба.
- 13 октомври - Собранието на Република Македонија, со мнозинство гласови, од функцијата го разреши јавниот обвинител Александар Прчевски.
- 3 ноември - Иранската револуционерна гарда во Персискиот Залив лансираше три нови типови на ракети, со дострел од 170 километри.
- 5 ноември - Радмила Шекеринска е избрана за претседател на СДСМ.
- 5 ноември - Садам Хусеин е осуден на смрт со бесење.
- 6 ноември - Даниел Ортега е избран за нов претседател на Никарагва.
- 11 ноември - Во Малме, Шведска, е востоличен Владиката Пимен, осми по ред член на Синодот на МПЦ, на кого му е доделена Европската епархија.
- 13 ноември - Европската Унија одобри преговори за визни олеснувања за Западен Балкан.
- 15 ноември - Скопскиот Основен суд 1 му одреди 30 дневен притвор на Љубе Трпески, екс-гувернер на Народната банка на Република Македонија, заради сомневања за незаконски дејствија во врска со пропаѓањето на Експорт - Импорт Банката на Методија Смиленски.
- 17 ноември - Американскиот Сенат едногласно усвои резолуција во корист на приемот на Македонија, Хрватска, Албанија и Грузија во НАТО.
- 30 декември - Обесен е Садам Хусеин, поранешен претседател на Ирак.
Родени
Починале
- 21 јануари - Ибрахим Ругова, претседател на Косово
- 24 јануари - Марија Мирчов-Скаловска, истакната македонска оперска и концертна пејачка
- 27 јануари - Јоханес Рау, германски претседател
- 4 февруари - Бети Фридан, американска феминистка
- 11 март - Слободан Милошевиќ, српски и југословенски претседател
- 7 јули - Сид Берет, британски музичар
- 20 јули - Тед Грант, британски троцкист
- 30 јули - Мјуреј Букчин, американски анархист и природозаштитник
- 16 август - Алфредо Штреснер, парагвајски диктатор
- 25 септември - Петре М. Андреевски, македонски писател
- 5 ноември - Булент Еџевит, турски премиер
- 10 ноември - Вера Ацева, македонски револуционер и народен херој
- 16 ноември - Милтон Фридман, американски економист
- 17 ноември - Ференц Пушкаш, унгарски фудбалер
- 24 ноември - Најденко Попоски, македонски банкар
- 10 декември - Августо Пиноче, чиленски диктатор
- 16 декември - Гоце Николовски, македонски пејач
- 21 декември - Сапармурат Нијазов, туркменистански автократ
- 25 декември - Џејмс Браун, американски пејач
- 26 декември - Џералд Форд, американски претседател
- 30 декември - Садам Хусеин, ирачки претседател
- 31 декември - Панде Петровски, македонски генерал
Поврзано
Надворешни врски
- 2006 на Ризницата ?
- Календарот за таа година