LIMSwiki

.mk
.mk
Воведен1993
Тип на доменнајвисок државен домен
Состојбаактивен
РегистарMARNet
ПокровителМинистерство за надворешни работи на РМ
Наменета употребаентитети поврзани co Република Македонија
Фактичка употребаима употреба во Р Македонија
Состав.com.mk и .org.mk, .мкд
Мреж. местоMARnet

Врвен македонски највисок државен домен е .mk.

Примарен опслужувач за администрирање и управување со врвниот македонски домен „.mk“ е Македонската академска истражувачка мрежа - МАРНет.

Во согласност со одлуката на Управниот одбор на МАРНет од 8 мај 1995 година, а врз основа на правата делегирани од страна на IANA, избран е хиерархиски модел на адресирање во рамките на врвниот македонски домен '.mk'.

Видови домени

Примарен домен и кој има право на негово регистрирање е:

Второстепени домени и кој има право на нивно регистрирање се:

  • .org.mk - непрофитни организации и здруженија, политички партии, фондации, синдикати, јавни здравствени установи, фондови и сл., странски амбасади во РМ, непрофитни странски организаци.
  • .com.mk - трговски друштва, подружници на домашни и на странски трговски друштва во РМ, претставништва на странски лица во РМ, физички лица регистрирани за вршење дејност, нотари, комори, задруги, финансиски организации и сл.
  • .gov.mk - органите на Република Македонија и другите органи, установи и сл., утврдени со Уставот на Република Македонија; јавни и државни установи утврдени со закон, јавни претпријатија, единици на локалната самоуправа, градот Скопје и сл.
  • .net.mk - организациите регистрирани за давање мрежни услуги на трети лица.
  • .inf.mk - домени од посебно значење за Република Македонија.
  • .name.mк - физички лица.
  • .edu.mк - образовни и научноистражувачки установи.

Кириличен домен

Во ноември МАРнет започна со процесот на воведување кириличен национален домен. Првата фаза од процесот беше прибирање на предлози за формата на доменот. Поднесувањето предлози се одвиваше на официјалната страница на МАРнет и траеше од 19 ноември до 3 декември 2012 година. Избраниот предлог треба да ги содржи буквите од државата (кратенка или цело име) и тој ќе биде предложен за официјална регистрација.[1][2] На анкетата победил доменот .мкд.

Конечни резултати

За време на гласањето за македонски кириличен домен гласале 2.288 гласачи и конечните резултати се:

Домен Гласови %
.мкд 1.670 73
.мак 324 14
.рм 155 7
.македонија 122 5
.рмкд 10 0
.рмак 7 0

Кириличниот домен .мкд е поднесен за официјална регистрација како македонски кириличен домен, а прифатен и регистриран на 20 март 2014.[3]

Наводи

Надворешни врски