LIMSwiki
Содржина
Раковина[1][2] позната и едноставно како школка[3][4] — тврд, заштитен надворешен слој обично создаден од животно или организам што живее во морето. Повеќето раковини се направени од мекотели, како што се полжави и школки за да се заштити нивната мека внатрешност.[5] Празни раковини често се наоѓаат исфрлени на плажите. Раковините се празни бидејќи животното умрело, а меките делови се распаднале или биле изедени од друг организам.
Раковината обично е егзоскелет на безрбетник (животно без 'рбет) и обично се состои од калциум карбонат [5] или хитин. Повеќето раковини што се наоѓаат на плажите се раковини од морски мекотели, делумно затоа што овие раковини обично се направени од калциум карбонат и подобро се издржуваат од раковините направени од хитин.
Освен раковините од мекотели, други раковини што можат да се најдат на плажите се раковините од Cirripedia, Xiphosurida и Brachiopoda. Морските анелидни црви од фамилијата Serpulidae создаваат раковини кои се цевки направени од калциум карбонат зацементирани на други површини. Раковини има и од морските ежови, крабите и јастозите. Додека повеќето раковини се надворешни, некои цефалоподи имаат внатрешни школки.
Раковините луѓето ги користеле за многу различни цели низ историјата и праисторијата. Сепак, морските раковини не се единствениот вид раковини; во различни живеалишта има раковини од слатководни животни како што се слатководни школки и слатководни полжави и раковини од копнени полжави.
Собирање
Морските раковини најчесто се наоѓаат во наносите на плажите, што е природно ѓубре што се исфрла долж плажите од брановите и плимата и осеката. Раковините многу често се исфрлени на плажа празни и чисти, животните веќе умреле.
Празните раковини честопати ги собираат посетителите на плажата. Сепак, поголемиот дел од морските школки кои се нудат на продажба комерцијално се собрани живи (често на големо) и потоа убиени и исчистени, специјално за комерцијална трговија.[6] Овој вид на експлоатација од големи размери понекогаш може да има силно негативно влијание врз месните екосистеми, а понекогаш може значително да ја намали распределбата на ретки видови.
Создавање на раковините
Морските раковини ги создаваат мекотелите кои ги користат за заштита.[7] Мекотелите имаат надворешен слој од ткива на нивните тела – мантија – кој го создава материјалот на школка и кој ја поврзува раковината со мекотелите. Специјализираните клетки во мантијата ја образуваат раковината користејќи различни минерали и протеини.[7] Протеините потоа се користат за да се создаде рамка што ја поддржува растечката школка. Калциум карбонатот е главното соединение на структурата на раковината, што помага во атхезијата.[7]
Поврзано
Наводи
- ↑ „раковина“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „раковина“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „школка“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „школка“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ 5,0 5,1 „How are seashells made?“. Woods Hole Oceanographic Institution (англиски). Архивирано од изворникот 22 март 2022. Посетено на 14 мај 2024.
- ↑ „Seashell Souvenirs Are Killing Protected Marine Life“. Animals. 16 July 2018. Архивирано од изворникот на 16 July 2018. Посетено на 19 март 2019.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 „How are seashells made?“. Woods Hole Oceanographic Institution. 2022. Архивирано од изворникот на 20 март 2022. Посетено на 21 март 2022.
Надворешни врски
- Збирка Hohlman Shell, Технолошки институт во Флорида
- Прекрасни школки (1856) од Х.Г. Адамс