LIMSwiki

Уреди врски
Главоболка
Жена со главоболка
СпецијалностНеврологија Уреди на Википодатоците

Главоболката (англиски: Headache или Cephalgia) е еден од најчестите симптоми кај луѓето, што подразбира болка во пределот на главата, лицето и горниот дел на вратот. Таа настанува како последица на различни нарушувања: од безопасни состојби што не бараат никакво лекување до опасни болести за животот.

Главоболката се јавува кај приближно 10% од населението на западната полутопка и поради овој симптом околу 30% од нив се јавуваат на лекар. Во текот на животот главоболката се јавува најмалку еднаш кај 70-95% од луѓето и тоа најчесто на возраст од 20 - 40 години.[1]

Класификација

Низ историјата имало неколку класификации на главоболката, а денес најмногу се користи онаа што ја објавило Меѓународното здружение за главоболка (англиски: International Headache Society), а се нарекува Меѓународна класификација на главоболката (англиски: The International Classification of Headache Disorders (ICHD))[2]. Првата верзија на таа класификација (ICHD-1) била објавена во 1988 година, додека сегашната ревизија ICHD-2 е објавена во 2004 година.[1]

Според новата класификација главоболките се делат во 14 класи. Првите четири класи ги опфаќаат примарните, следните осум ги опфаќаат секундарните главоболки, во класата 13 спаѓаат кранијалните невралгии, примарните и централните причина за болка на лицето, додека во класата 14 се некласифицираните и недоволно специфичните главоболки.

ICHD-2:

Примарни главоболки

Секундарни или симптоматски главоболки

    • 5. Главоболка поврзана со повреди на главата и/или вратот,
    • 6. Главоболка поврзана со васкуларни нарушувања на главата или вратот,
    • 7. Главоболка предизвикана од неваскуларни интракранијални нарушувања,
    • 8. Главоболка предизвикана од разни супстанци или по прекин на нивно земање,
    • 9. Главоболка предизвикана од општи инфекции,
    • 10. Главоболка поврзана со нарушувања на хомеостазата,
    • 11. Главоболка или болка на лицето предизвикана од нарушувања на черепот, вратот, увото, носот, синусите или останатите структури на лицето и черепот,
    • 12. Главоболка поврзана со психијатриски нарушувања.

Невралгии и останати главоболки

    • 13. Кранијални невралгии, централна и примарна болка на лицето,
    • 14. Останати главоболки.[1]

Главоболката како тема во уметноста и во популарната култура

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 Републичка стручна комисија за израду и имплементацију водича у клиничкој пракси, Министарство здравља Републике Србије, Српско лекарско друштво: Главобоља - национални водич за лекаре у примарној здравственој заштити, Београд, новембар 2005. ISBN 86-85313-31-7
  2. Headache Classification Subcommittee of the International Headache Society (2004). „The International Classification of Headache Disorders, 2nd Edition“ (PDF). Cephalagia. Oxford, England, UK: Blackwell Publishing. 24 (Supplement 1): 1–160. ISSN 0333-1024. Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-03-31.
  3. YouTube, The Replacements - Sorry Ma, Forgot To Take...1981 (Full Album 2002)US (пристапено на 12.6.2017)
  4. YouTube, Headache - Frank Black (пристапено на 25.4.2017)
    Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување
во врска со темите од областа на медицината (здравјето).