LabLynx Wiki

.nu
.nu domain
Воведен1997
Тип на доменНајвисок државен домен
Состојбаактивен
Регистар.SE
ПокровителЗдружение на интернет корисници - Ниуе
Наменета употребаЕнтитети поврзани со  Ниуе
Фактичка употребасе користи за бројни страниц, само неколку се поврзани со Ниуе, особено употребуван во Шведска, Данска, Холандија и белгија бидејќи „nu“ на јазиците на овие земји значи „сега“
Ограничувања на рестрацијатаНема
СоставДозволени се второстепени регистрации
ДокументиПоими и услови
Правила при спорUDRP
Мреж. местоNuNames
DNSSECда

.nu — е семрежен највисок државен домен на островската држава Ниуе. Станува збор за еден од првите ccTLDs кој се рекламирал на семрежјето како замена за gTLD .com, .net, и .org. Земајќи ја во редвид фонетската сличност меѓу nu и new, се претставувал како „нов“ TLD во кој има многу слободни имиња на домени.

Раководење

Од 2 септември 2013 година .SE ја преземала одговорноста за раководење и техничко одржување на доменот .nu.[1]

Употреба на .nu

Доменот .nu особено употребуван во Шведска, Данска, Холандија и Белгија, бидејќи nu на овие јазици е „new“.[2] - пример за украден домен. „Nu“ е исто така, архаичен збор што значи „сега“ на норвешки јазик, но „nå“ е зборот кој се употребува и токму поради ова .nu не се користи од страна на норвежаните. Поради строгите правила за употреба на домените спроведени преку ccTLD и споведувани од Шведска, .se, .nu се користело само за маркетинг на мрежните страници како што се www.tv.nu која прикажува што има во моментот на ТВ, и во Холандија за мрежните страници како на пример waarbenjij.nu, што во превод би било кадесити.сега.

Интернационализирани домени

Во март 2000 година, .NU Domain Ltd стана првото TLD претпријатие кое нудело регистрација на интернационализирани имиња на домени,[3] поддржувајќи целосен уникод од знаци.[4] за разлика од другите TLD, не беа потребни пребарувачки приклучоци или пребарувачи со паникод од страна на клиентот за употреба на овие имиња, бидејќи мрежните опслужувачи на .NU домените ги пртвораат сите пребарувања и ги пренасочуваа и покрај тоа што беа напишани со меѓународни ознаки. Но, во март 2010 година, .NU Domain објавија при ICANN дека го онеспособиле нивната технологија за пребарување и дека ги спроведувале само IDN стандардните паникодови, и ги намалувале прифатените IDN ознаки за .NU Domain имиња само на ISO-8859-1 западно Европски ознаки.[5]

Повлекување на домени

Домените на .NU се повелкуваат без поврат на парите за објавување на сексуална злоупотреба на деца, доколку станува збор за фишинг, спамирање, кражба на електронски адреси, злоупотреба на пребарувачи и други незаконски дела и намени.[6]

McAfee SiteAdvisor

Во март 2007 година, McAfee SiteAdvisor издаде извештај во кој ја објаснува функционалност на SiteAdvisor. Како дел од тој извештај, мрежните страници со .nu домен се наведени како страниците со најголем ризика за злоупотреба на пребарувачите. Но, во сите други случаи, страниците на .nu биле класифицирани како страници со умерен или мал ризик.[7] Кусо време по издавањето на овој извештај, .NU Domain излегоа со објава во јавноста велејќи дека SiteAdvisor ги рангирал страниците на .nu меѓу оние со најмал ризик.[8] Во 2008 година McAfee изјавија дека .net и .com се најризичните највиски домени.[9]

Наводи

  1. https://www.iis.se/english/news/se-completes-successful-transition-of-the-nu-domain/
  2. „nu“. OmegaWiki. 2006-07-22. Посетено на 2009-09-30.
  3. „NU Domain Ltd Challenges .Com With Announcement of First Non-English Internet Addresses; Microsoft endorses NUBIND as compatible with Microsoft Internet Explorer 5.0, and Windows 2000“. Thefreelibrary.com. 2000-03-07. Архивирано од изворникот на 2011-05-20. Посетено на 2009-09-30.
  4. „IDN details“. Nunames.nu. Архивирано од изворникот на 2010-02-09. Посетено на 2009-09-30.
  5. „Mozilla - add .nu to IDN whitelist“. Mozilla. 2010-04-19.
  6. „NU Domain Terms and Conditions, section 12, "Acceptable Use". Nunames.nu. Архивирано од изворникот на 2010-02-09. Посетено на 2009-09-30.
  7. SiteAdvisor: Mapping the MalWeb, March 2007
  8. .NU Domain Press Release: McAfee Report Ranks .NU Websites Among Lowest Risk, March 2007
  9. Keats, Shane (2008-06-04). „Mapping the Mal Web, Revisited“ (PDF). McAfee. Архивирано (PDF) од изворникот 2009-06-03. Посетено на 2008-06-04.

Надворешни врски