LabLynx Wiki
Содржина
Хуангди
| |||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Кинески | 黄帝 | ||||||||||
Пинјин | Huángdì | ||||||||||
Буквално: | Жолт Цар | ||||||||||
|
Жолт Цар или Хуанг Ди (кинески: 黄帝, пинјин: huángdì) — легендарен кинески владетел и културен херој кој важи за родоначалник на сиот кинески (хански) народ. Тој е еден од Тројцата возвишени и петте цареви, и според преданијата се смета дека владеел од 2698 п.н.е. до 2599 п.н.е.
Хуанг Ди го фатил суштеството Бај Це на врвот на планината Тунгванг. Овој ѕвер му ги опишал сите 11.520 видови на чудовишта, престорници, демони и духови на светот. Слугата на Хуанг Ди сето ова го илустрирал, од кои илустрации подоцна била издадена книгата „Бај Це Ту“, која за жал повеќе не постои. [1]
Поврзано
Наводи
- ↑ Хакутаку - сказна за Бај Це (англиски)
Надворешни врски
- Жолтиот Цар Архивирано на 6 февруари 2011 г. (англиски)
- Хаунг Ти - Жолтиот Цар (англиски)
Претходник Шенунг |
Цар на Кина 2591 п.н.е.-2491 п.н.е. |
Наследник Џуансји |
|