The US FDA’s proposed rule on laboratory-developed tests: Impacts on clinical laboratory testing

Japan Hot 100 е музичка табела за синглови во Јапонија. Составувана е од Билборд и Hanshin Contents Link почнувајќи од февруари 2008.[1] Новите синглови на табелата се прикажуваат секоја среда на billboard-japan.com (JST) и секој четвртој на billboard.com (UTC).

Табелата Japan Hot 100 има слична структура како Билборд Хот 100 во САД. Собира податоци за продажбите на ЦД-ата од Soundscan Japan и слушаност на радијата од Plantech.[1] Иако Јапонија има најмногу дигитални спуштања во светот тие не се сметаат за одредување на позицијата на табелите.[1][2]

Првата број-еден песна на табелата била „Step and Go“ од Араши на 3 март 2008.[3] Песните кои се искачиле на првото место биле три англиски песни и една јапонска песна. Првата била „Bleeding Love“ од Леона Луис на 8 мај 2008, втората била „Blame it on the Girls“ од Мика, а третата била „Born This Way“ од Лејди Гага на 11 април 2011.[4][5]

На изданието на 8 март 2010, „Hitomi no Screen“ од Hey! Say! JUMP станала 100-тата број-еден песна на табелата.

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 „Press Release“ (PDF). Billboard (јапонски). Hanshin Contents Link. 28 февруари 2008. Посетено на 30 август 2009.[мртва врска]
  2. Gary Trust (21 мај 2008). „Billboard Japan Hot 100 Finds Global Audience“. Billboard. Nielsen Business Media, Inc. Посетено на 30 август 2009.
  3. „Announcement of the Marketing Beginning of Billboard Japan Charts“ (јапонски). Kyodo News PR Wire. 28 февруари 2008. Посетено на 23 декември 2009.
  4. „Billboard Japan Year-End Press Release“ (PDF). Billboard (јапонски). Hanshin Contents Link. 12 декември 2009. Архивирано (PDF) од изворникот 2011-10-04. Посетено на 30 август 2009.
  5. http://www.billboard-japan.com/system/jp_charts/hot100

Надворешни врски