The US FDA’s proposed rule on laboratory-developed tests: Impacts on clinical laboratory testing

Дефиниција за ар и хектар

Хектар (симбол: ха или ha) — мерна единица за површина еднаква на 10.000 квадратни метри, или пак еден квадратен хектометар, и се користи за изразување на големина на земјиште. Еден хектар земјиште е површината на квадратна парцела со димензии 100 на 100 метри. Оваа единица наоѓа примена на разни полиња, како во геометарството за секојдневни правни документи како тапии, катастарски уверенија, хипотеки, урбано планирање, заштита на околината и други должности кои треба да ги задоволат правните барања на надлежните органи.

Неговата основна единица е арот, утврден во рамките на постарите облици на метричкиот систем, но истиот денес не му припаѓа на современиот метрички систем. Меѓународниот комитет за тежини и мерки го класификува хектарот како единица прифатена за употреба заедно со системот SI.[1]

Објаснение

Хектарот како мерка се користи во највеќето земји во светот, особено во планирањето и раководењето со стопанските сфери како земјоделството, шумарството и урбанистиката. Во САД, Бурма, и во извесна мера во Канада се користи британската единица акр, еднаква на 43.560 квадратни стапки, или 33 стапки x 1/4 милја, што е еднакво на 0.404686 ха.

Претворање

Еден хектар е еднаков на:

Метрички

Британски

Други

  • 15 му (кинески)
  • 0,15 чинг (кинески)
  • 10 дољуми (отоманска, блискоисточна)
  • 10 стреми (Грција)
  • 6,25 раи (тајлански)
  • ≈ 1,008 чо (јапонски)
  • 7,47 биги (Бангладеш, Индија, Непал)

Поврзано

Наводи

  1. Меѓународно биро за тегови и мерки (2006). "Меѓународен систем на мерни единици (SI)". VIII издание..  (консултирано на 13 февруари 2008) Глава 5. (англиски)

Надворешни врски