The US FDA’s proposed rule on laboratory-developed tests: Impacts on clinical laboratory testing

Дел од темата

Ислам



Историја на исламот

Верувања и обичаи

Божје единство
Вероисповед
МолитваПост
АџилакДобротворност

Главни дејци

Мухамед
АлиАбу Бакр
Дружината на Мухамед
Семејството на Мухамед
Исламски пророци

Текстови и Закони

КуранХадисШеријат
Исламско правоТеологија
Мухамедовите биографии

Гранки на исламот

СунизамШиизамСуфизам

Социополитички аспекти

АкадемциФилозофија
УметностНауки
АрхитектураГрадови
КалендарПразници
Жените во исламотВодачи
ПолитикаЏихадЛиберализам

Поврзано

Исламски лексикон
Индекс на статии за исламот

Намаз

Намаз (или салат) – муслиманска молитва која муслиманите ја прават петпати во денот.[1] Намазот е најзначаен вид молитва кај муслиманите. Намазот претставува еден од петте столба на исламот кај сунитите, и еден од десетте чинови на исламот кај шиитите.

Муслимани изведуваат пет намаза дневно:

  • сабах
  • пладне
  • икиндија
  • акшам
  • јација

Од верниците муслимани се очекува пет пати дневно со лицето да се свртат кон Мека и да ја изговорат пропишаната реченица со која одлучува да пристапи на одреден намаз. Молитвата е втор столб на верата. Постојат два вида молитви. Првата, дова (дора) е лична молитва, неврзана за какви било правила или ритуали. Другата, салат, е ритуална молитва која се состои од одредени движења и зборови. Молитвата во хадисот се спомнува како суштински чин на покорување на Бога и основен доказ за припадност на исламот. Клучно значење кое во исламот ѝ се придава на молитвата потекнува од сфаќањето дека изведувањето салат го принудува човечкото тело да реагира на стварноста која претходно во сехада била потврдена со срце и јазик.

Во Мухамедовите пораки на арапските племиња, салатот често се прикажува како должност на муслиманите. Според преданието, петте дневни молитви водат потекло од самиот почеток на исламот. Тоа се поврзува со Мухамедовото влегување во рајот (џенет). Кога Мухамед бил вознесен на небо, Бог ѝ наложил на неговата заедница 50 молитви дневно. Мухамед заминува од Бога со таа обврска. На враќање го сретнува Мојсие (Муса), кој го прашал што ѝ наложил Бог на неговата заедница. Кога ја чул наредба му рекол: „Врати се кај твојот Господар, бидејќи заедницата не е во состојба тоа да го извршува“ и тогаш Бог го смалил бројот на молитив на 25, па бидејќи и тоа било многу, дошло до смалување на само 5 молитви дневно.

Подготовка

За да се клања намаз, лицето мора духовно и физички да се очисти. Муслиманското верско чистење се вика „абдест“ што е персиски збор, додека арапскиот израз е „вуду“. Абдестот е задолжителен пред секое клањање и ако абдестот се „изгуби“, тогаш не е дозволено клањање додека не се изврши повторно абдестот.

Ниет

Откога муслиманскиот верник духовно и физички ќе се очисти со абдест, тој тогаш донесува одлука да клања намаз. Таа одлука се вика „ниет“. Некои исламски школи сметта дека е потребно ниетот да се изговори со зборовите „Јас одлучив да се клањам...“, додека другите сметаат дека не е потребно ништо да се изговара, туку дека тоа е одлука која верникот ја донесува во срцето, па сметаат дека изговарањето на ниетот е новотарија бидејќи нема доказ за такво нешто.

Намаски фарзови

Намазот се состои од фарзови и ако некој е изоставен, истиот не би бил исправен. Фарзовите опфаќаат:

  • шартови (услови), кои се вон намазот
  • рукнови (составни делови), кои се делови од самиот намаз.

Намаските фарзови се следните:

  • Прв – чистота на телото, облеката и местото каде што се клања
  • Втор – верско чистење (абдест)
  • Трет – прописно облекување
  • Четврт – настапување на времето
  • Петти – свртување кон киблата
  • Шести – одлука (ниет)
  • Седми – почетен текбир
  • Осми – стоење (кијам)
  • Деветти – учење на Коранот (кирает)
  • Десетти – руку (превиткување)
  • Единаесетти – сеџда
  • Дванаесетти – последно седење (тешехуд)

Заеднички намази

Петочен намаз

Петочниот намаз (џумa) се исполнува групно наместо пладневниот намаз. Тој е задолжителен за мажите, а по желба на жените. Се состои од церемонијална хутба, през која која се исполнуваат два реката задолжителен (фарз) намаз.

Задолжителни заеднички намази

Џеназе намаз

Овој намаз се исполнува на муслимански погреби. Џеназе намазот (заедничката молитва) се клања само стоечки за разлика од останатите молитви. Намазот го предводи имам кој стои пред џематот свртен кон покојникот, додека покојникот со десната страна е свртен спрема киблата, а со левата кон присутните.

Доброволни намази

Витр

Намазот витр обично се клања веднаш после јацијскиот намаз, иако по можност е подобро да се клања подоцна, после полноќ. Овој намаз има 3 реката.

Наводи