Type a search term to find related articles by LIMS subject matter experts gathered from the most trusted and dynamic collaboration tools in the laboratory informatics industry.
Највисок државен домен (или државен код на главен семрежен домен) — највисокиот домен на именската семрежја адреса кој се доделува на една држава; т.е. последните две букви од семрежната адреса.
Сите државни семрежни кодови се долги две букви, ги доделува Агенцијата за доделување на броеви на семрежјето (IANA)[1] според упатството РФЦ 1591 кое кореспондира со стандардот ИСО 3166-2 алфа-2 со неколку исклучоци.[2][3]
Државите имаат национален опслужувач на државниот семрежен домен, кој ги доделува имињата со државната наставка, и ги насочува пребарувањата на адреси со тој државна наставка.
Државниот код na Македонија е .mk или кириличниот .мкд и задачата за доделување на семрежни имиња со врвен домен ја има организацијата МАРнет.