Knowledge Base Wiki

Search for LIMS content across all our Wiki Knowledge Bases.

Type a search term to find related articles by LIMS subject matter experts gathered from the most trusted and dynamic collaboration tools in the laboratory informatics industry.

Тибо Пино
Лични податоци
Цело имеТибо Пино
Роден29 мај 1990(1990-05-29)(34 г.)
Мелизе,  Франција
Висина1,80 м[1]
Маса63 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клубГрупама-ФДЖ
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за искачување
Професионални клубови
2010– Франсес де же
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
1 поединечна етапа (2017)
Тур де Франс
Пласман за млад возач (2014)
3 поединечни етапи (2012, 2015, 2019)
Вуелта а Еспања
2 поединечни етапи (2018)

Етапни трки

Критериум Интернасионал (2016)
Трка на Алпите (2018)

Еднодневни трки и класици

Национален хронометарски првак (2016)
Џиро ди Ломбардија (2018)
Милано-Торино (2018)
Последна промена
4 април 2020

Тибо Пино (француски: Thibaut Pinot; р. 29 мај 1990 во Мелизе, Горна Сона) — француски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Групама-ФДЖ.[2] Тој е означен како еден од најветувачките таленти во францускиот велосипедизам, завршувајќи трет на Тур де Франс 2014 и освојувајќи го пласманот за млад возач.

Освоил етапи на сите три големи трки, три на Тур де Франс, една на Џиро д’Италија и две на Вуелта а Еспања. Пино ја освоил Џиро ди Ломбардија во 2018 година и завршил трет на трката во 2015 година.

Кариера

2012

Пино на Тур де Франс 2012.

Пино на возраст од 22 години бил најмладиот возач на Тур де Франс 2012. Освоил престижна победа на осмата етапа, која била составена од седум категоризирани искачувања, вклучувајќи и едно од категорија 1 Кол де ла Кроа, каде кратко пред врвот го поминал Фредрик Кесијакоф (Астана). Потоа продолжил по спустот и по рамниот дел на патот кон самиот крај на етапата на 16 километри по искачувањето. Ја држел предноста пред групата, која вклучувала некои од кандидатите за генералниот пласман на Тур, и покрај ветерот во гради, но неверојатно бодрен од неговиот екипен менаџер Марк Мадио. Ја поминал линијата сам со предност од 26 секунди пред останатите членови.[3] И покрај тоа што бил најмладиот возач на Тур,[4] тој успеал да заврши 10. во генералниот пласман. Со 22 години и 54 дена, станал најмладиот возач кој завршил во првите десет по Рајмонд Импанис во 1947, кој тогаш имал 21 година и 8 месеци.[5]

2013

Ја започнал сезоната со осмо место во генералниот пласман на Волта а Каталуња и четврто место во генералниот пласман на Тур де Свис, каде имало големи очекувања за Пино во јули. Бидејќи било 100. издание на Тур де Франс, Пино имал многу притисок на него пред трката, бидејќи бил единствен француски возач за генерален пласман. Меѓутоа, кога трката стигнала во планините, Пино се мачел и надежта за висок планински пласман веќе била завршена по деветтата етапа. Во втората недела од трката, Пино имал проблеми со воспалено грло и исто така признал дека се мачел на спустовите, поради страв од брзината.[6] Ја напуштил Тур де Франс 2013 на етапата 16. Пино сакал да се врати со резултат на Вуелта а Еспања и станувал подобар низ трката. На претпоследната етапа, Пино се искачил на седмото место во генералниот пласман.

2014

Пино ја носи белата маичка на Тур де Франс 2014

На Тур де Франс 2014, Пино ја освоил бела маичка како најдобар млад возач и завршил на третото место во генералниот пласман, зад Винченцо Нибали и Жан Кристоф Перо. Тој и Перо биле првите Французи на подиум на Тур де Франс од 1997 година. Исто така, првпат во 30 години два Французи завршиле меѓу првите тројца во генералниот пласман на Тур де Франс - Лорен Фињон (победник) и Бернар Ино (второпласиран) завршиле обајцата во 1984 година.[7]

2015

Пино на Тур де Свис 2015

Во 2015 година, Пино ја имал својата прва победа во сезоната на Тур де Романди. Ја освоил кралската етапа на трката со седум секунди предност пред најблискиот соперник, Илнур Закарин од Катјуша.[8] Завршил четврти во генералниот пласман и му била доделена маичката за најдобар млад возач.[9] Во јуни започнал да се подготвува за Тур де Франс, учествувајќи на Тур де Свис и ја освоил кралската етапа, долга и тешка етапа со планинска завршница. Победил сам на подножјето на ледникот Ретенбах.[10] На Тур де Франс, Пино завршил 16. во генералниот пласман, но ја освоил дваесеттата етапа на Алп д’Ез.[11]

2016

Пино имал лош настап на дванаесеттата етапа на Тур де Франс 2016, завршувајќи со огромни 28 минути и 24 секунди зад етапниот победник Томас де Гент. Пинт се повлекол од трката пред почетокот на тринаесеттата етапа поради бронхитис. На крајот на етапата 12 бил на 34. место во генералниот пласман со 42 минути и 54 секунди зад победникот Крис Фрум. Пино ја носел точкестата етапа на три етапи (етапите 10-12) во текот на трката.[12][13] На 16 јули, Пино го објавил своето повлекување од претстојната друмска трка и хронометарот на Летните олимписки игри 2016 поради неговиот бронхитис и недоволното време за опоравување.[14] На 1 септември, Пино објавил на Твитер дека неговата сезона завршила, наведувајќи ги „постојаниот пад поради вирус“ и „со цел најдобро да се подготви за следната сезона“ за неговата одлука.[15]

2017

Првата победа во сезоната 2017 на Пино била на Вуелта а Андалусија, откако возел зад Алберто Контадор во последните стотина метри. Пино завршил на третото место на крајот на трката и настапил на Страде Бјанке, каде завршил на деветтото место. Пино ја потврдил својата форма со третото место на Тирено-Адријатико една недела подоцна. Бидејќи Пино целел на 100. издание на Џиро д’Италија во 2017 година, негова последна подготвителна трка била Трката на Алпите. Завршил меѓу најдобрите пет на сите пет етапи, вклучувајќи ја етапната победа на завршната етапа и ја имал водечката маичка на третата етапа. Пино завршил втор на крајот и бил силен за Џиро. Ја започнал трката со четврто место на Етна. Завршил втор на деветтата етапа, со што напредувал до второто место во генералниот пласман. Меѓутоа, на десеттата етапа, која била хронометар во должина од 39,8 километри, Пино паднал на четвртото место. Бидејќи Пино ја освоил етапата 20 на трката, се поместил на третото место пред завршниот хронометар. На крајот завршил на 28. место на етапата и паднал на четвртото место на трката со 37 секунди зад Винченцо Нибали.

Пино не бил во силна форма на Тур де Франс и негова најдобра етапна завршница било деветтото место на етапата 15, пред да ја напушти трката на етапата 17.[16] Еден месец подоцна победил на Тур де л’Ен. Ја завршил сезоната со италијанските класици. Негови најдобри резултати биле второто место на Тре Вали Варезине и петтото место на Џиро ди Ломбардија.

2018

Пино на Џиро д’Италија 2018

Во сезоната 2018, Пино повторно целел на Џиро д’Италија. Меѓутоа, овој пат сакал да ги намали бројот на денови на трки пред Џиро со цел да биде посвеж за Тур. Поради тоа, Пино имал само 14 дена на трки пред почетокот на мај. Меѓутоа, успеал да победи на Трката на Алпите на крајот на април покажувајќи одлична форма пред Џиро. Завршил трет на етапата 19 до Бардонекија, со што напредувал до третото место. Пино имал страшен пад во текот и по искачувањето до Кол де Сен-Панталеон во должина од 16,5 километри на претпоследната етапа на Џиро д’Италија 2018; бил меѓу главната група на почетокот на искачувањето, но отпаднал и стигнал на врвот 21 минута зад групата на розовата маичка. Неколку часа по целта на етапата 20, каде завршил 45 минути зад етапниот победник Микел Ниеве, Пино бил хоспитализиран во Аоста поради дехидрираност, истоштеност, треска и проблеми со дишењето. Од третото место во генералниот пласман на етапата 20 на Џиро, Пино паднал на 16. место на крајот на етапата, 43:46 зад предводникот Крис Фрум. Пино се откажал од трката пред почетокот на последната етапа.[17][18][19] Поради неможност потполно да се врати од истоштеноста и пневмонијата при Џиро д’Италија, неговата екипа објавила дека нема да настапи на Тур де Франс 2018.[20]

Пино се вратил и тренирал за да вози на неговата трета Вуелта а Еспања. Откако завршил трет на крајот на Трката околу Полска бил сметан за еден од главните фаворити на Вуелта. Меѓутоа, Пино изгубил време веќе на шестата етапа поради комбинација на накрсни ветришта и падови, поради кои тој и Келдерман изгубиле време.[21] На ридската етапа 11, Пино се впуштил во бегство и бил во виртуелната водечка маичка еден момент од етапата. На последното искачување, главната група имала јако темпо и Пино бил само 12 секунди пред другите. На етапата 14, Пино скоро успеал да следи некои од главните фаворити до целта, губејќи само 5 секунди од етапниот победник Сајмон Јејтс. На следната етапа, Пино можел повторно да прослави откако ја освоил етапата 15. Нападнал на само 6 километри до целта и бил 28 секунди пред второпласираниот Мигел Анхел Лопес. Со тоа Пино освоил етапи на сите три големи трки.

Пино напредувал до седмото место во генералниот пласман и на хронометарот на етапата 16 изгледал силно до првото мерење. Меѓутоа, неговото темпо опаднало и до целта, завршил само на 27. место на етапата. Бил во проблеми повторно следниот дел и изгубил над 2 минути во однос на другите фаворити, со што паднал на 9. место во генералниот пласман. Пино се вратил на етапата 19, освојувајќи ја втората етапа на Вуелта, претекнувајќи го предводникот на трката Сајмон Јејтс.[22] На претпоследната етапа, Пино завршил на 4. место што значело дека на крајот на Вуелта завршил како шести. На 10 октомври, Пино го освоил 99. издание на Милано-Торино, што било негова втора победа на еднодневна трка во неговата кариера.[23] Три дена подоцна, Пино повторно победил, овој пат освојувајќи прв монумент во неговата кариера со победата на Џиро ди Ломбардија. Откако Пино возел јако темпо на искачувањето Чивилјо на 15 километри до целта, преостанатите тројца возачи во групата не можеле да одговорат. На целта, Пино победил со 32 секунди пред бранителот на титулата Винченцо Нибали и 43 секунди пред Дилан Тенс.[24]

2019

Пино настапил на Тур де Франс 2019. По силните настапи на пиринејските етапи, вклучувајќи етапна победа на Кол ди Турмале, бил сметан за фаворит во генералниот пласман.[25][26] Меѓутоа, скинат квадрицепс го приморало да ја напушти трката на етапата 19.[27]

Достигнувања

2007
Јуниорска Тур де Гваделуп
Јуниорски Дром Провенсал
Јуниорски Челинџ де л’ест
2008
Тур де Горна Сона
Јуниорска Тур д’Ардеш
Јуниорски Савојарде
2009
Трка околу долината Аоста
Етапа 3 на Трка околу Горна Савоја
Тур ду Кантон де Марел Вертелак
ГП де ла вил де Дел
2010
1. Планински пласман Тур де Романди
1. Планински пласман Париз-Корез
2011
1. Краен пласман Тур д’Алзас
1. Етапа 5
1. Краен пласман Сетимана Сиклистика Ломбарда
1. Етапа 1
Тур де л’Ен
1. Етапа 2
1. Етапа 4
3. Краен пласман Трка околу Турција
7. Краен пласман Трка околу Баварија
Пласман за млад возач
9. ГП Бруно Бегели
2012
1. Етапа 5 Тур де л’Ен
10. Краен пласман Тур де Франс
1. Етапа 8
2013
4. Краен пласман Тур де Свис
6. Краен пласман Тур де л’Ен
7. Краен пласман Вуелта а Еспања
8. Краен пласман Волта а Каталуња
2014
3. Краен пласман Тур де Франс
1. Бела маичка Пласман за млад возач
5. Краен пласман Трка околу Баварија
1. Пласман за млад возач
9. Краен пласман Трка околу Баскија
9. Гран при де Валони
10. Краен пласман Тур де Романди
2015
1. Краен пласман Тур ду Жеводан Лангдок-Русијон
1. Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 20 Тур де Франс
2. Краен пласман Критериум Интернасионал
3. Џиро ди Ломбардија
4. Краен пласман Тирено-Адријатико
4. Краен пласман Тур де Романди
1. Етапа 5
1. Пласман за млад возач
4. Краен пласман Тур де Свис
1. Етапа 5
4. Милано-Торино
6. Гран при де Валони
6. Меѓународен друмски велосипедски предизвик
10. Краен пласман Трка околу Баскија
2016
1. Национално хронометарско првенство
1. Краен пласман Критериум Интернасионал
1. Етапа 2 (ITT)
1. Етапа 3
1. Бодовен пласман
1. Етапа 6 Критериум ди Дофине
2. Краен пласман Тур де Романди
1. Етапа 3 (ITT)
2. Гран при д’Увертир Ла Марсејез
3. Краен пласман Етоал де Бесеже
4. Краен пласман Волта ао Алгарве
4. Краен пласман Трка околу Баскија
5. Краен пласман Тирено-Адријатико
Награда за борбеност на етапата 8 на Тур де Франс
2017
1. Краен пласман Тур де л’Ен
1. Планински пласман
2. Краен пласман Трка на Алпите
1. Етапа 5
2. Тре Вали Варезине
3. Краен пласман Вуелта а Андалусија
1. Етапа 2
3. Краен пласман Тирено-Адријатико
4. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 20
5. Џиро ди Ломбардија
8. Џиро дел’Емилија
8. Милано-Торино
9. Страде Бјанке
9. Гран при д’Увертир Ла Марсејез
2018
1. Краен пласман Трка на Алпите
1. Џиро ди Ломбардија
1. Милано-Торино
2. Тре Вали Варезине
3. Краен пласман Трка околу Полска
5. Краен пласман Тур ди О Вар
5. Џиро дел’Емилија
6. Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Етапа 15
1. Етапа 19
9. Светско друмско првенство
10. Краен пласман Волта а Каталуња
2019
1. Краен пласман Тур де л’Ен
1. Бодовен пласман
1. Планински пласман
1. Етапа 3
1. Краен пласман Тур ди О Вар
1. Бодовен пласман
1. Етапа 3
1. Етапа 14 Тур де Франс
4. Краен пласман Тур Ла Прованс
5. Краен пласман Критериум ди Дофине
5. Краен пласман Тирено-Адријатико
2020
5. Краен пласман Париз-Ница
6. Краен пласман Тур ди О Вар
7. Краен пласман Тур де ла Прованс

Распоред на резултатите

Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020
Џиро 4 СО
Тур 10 СО 3 16 СО СО СО
Вуелта 7 СО 6
Распоред на резултатите на етапните трки
Етапна трка 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020
Париз-Ница 5
Тирено-Адријатико 50 СО 4 5 3 5
Волта а Каталуња 49 СО 8 13 10 11
Трка околу Баскија СО 40 9 10 4
Тур де Романди 30 11 12 10 4 2
Критериум ди Дофине 20 16 16 5
Тур де Свис СО 4 15 4

СО = се откажал; — = не учествувал

Награди

Наводи

  1. 1,0 1,1 „Профил на Тибо Пино“.
  2. „Groupama - FDJ“. UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 2 јануари 2020. Посетено на 2 јануари 2020.
  3. „Пино возел до слава во Порентру“. Cycling News. Future Publishing Limited. 8 јули 2012. Посетено на 8 јули 2012.
  4. „Најстариот започнал да напаѓа; најмладиот победи - Браво Тибо!“. www.letour.fr. 8 јули 2012. Посетено на 8 јули 2012.
  5. http://www.lefigaro.fr/cyclisme/2012/07/22/02007-20120722ARTSPO00117-vicement-2013.php
  6. „Pinot out of Tour de France“. Cyclingnews.com (англиски). Посетено на 15 септември 2018.
  7. „Tour de France: Vincenzo Nibali completes race victory“. BBC. 27 јули 2014.
  8. Садб О’Ши (2 мај 2015). „Пино ја освои победата на етапата 5 на Тур де Романди“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 2 мај 2015.
  9. Садб О’Ши (3 мај 2015). „Закарин победи на Тур де Романди“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 3 мај 2015.
  10. Спенсер Паулисон (17 јуни 2015). „Thibaut Pinot climbs to Tour de Suisse stage 5 win, GC lead“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2015-06-17. Посетено на 17 јуни 2015.
  11. „Tour de France: Pinot lands huge win for France on l'Alpe d'Huez“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 25 јули 2015. Посетено на 25 јули 2015.
  12. „Thibaut Pinot and Simon Gerrans abandon Tour de France“. Bein Sports. 15 јули 2016.
  13. „Thibaut Pinot abandonne le Tour de France avant le chrono“. L'Équipe. 15 јули 2016.
  14. „Thibaut Pinot forfait pour les JO“. L'Équipe. 16 јули 2016.
  15. „Thibaut Pinot calls time on 2016 season“. www.cyclingnews.com. 2 септември 2016.
  16. „Tour de France 2017: Pinot abandonne… Mais bon sang, pourquoi s'est-il mis dans ce pétrin ???“. www.20minutes.fr (француски). Посетено на 15 септември 2018.
  17. „Giro d'Italia: Exhausted Pinot endures longest day“. www.cyclingnews.com. 27 мај 2018.
  18. „Thibaut Pinot Suffering From Lung Infection“. www.flobikes.com. 28 мај 2018.
  19. „Giro d'Italia 2018: Stage 20 spoils go to Nieve but crucially Froome holds on to pink“. Cyclist. 27 мај 2018.
  20. „Pinot to miss Tour de France“. Cyclingnews.com (англиски). Посетено на 15 јули 2018.
  21. „Vuelta a Espana 2018: Stage 6 Results“. Cyclingnews.com (англиски). Посетено на 15 септември 2018.
  22. Мур, Ричард (14 септември 2018). „Simon Yates on verge of Vuelta victory as Thibaut Pinot takes stage 19“. the Guardian (англиски). Посетено на 15 септември 2018.
  23. „Thibaut Pinot wins Milano-Torino as uphill crash takes out rival Miguel Angel Lopez“. Cycling Weekly (англиски). 10 октомври 2018. Посетено на 13 октомври 2018.
  24. „Thibaut Pinot solos to Il Lombardia glory“. Eurosport UK. 13 октомври 2018. Посетено на 13 октомври 2018.
  25. Витл, Џереми (2019-07-20). „Pinot wins Tour de France stage 14 and Alaphilippe extends lead over Thomas“. The Observer (англиски). ISSN 0029-7712. Посетено на 2019-07-26.
  26. Витл, Џереми (2019-07-24). „Thibaut Pinot can take Tour de France challenge to Team Ineos in mountains“. The Guardian (англиски). ISSN 0261-3077. Посетено на 2019-07-26.
  27. „Thibaut Pinot abandons Tour de France“. Cycling News. 2019-07-26. Посетено на 2019-07-26.
  28. „Alejandro Valverde élu Vélo d'or 2018, Thibaut Pinot est le Vélo d'or français“. L'Équipe (француски). Посетено на 2018-10-27.

Надворешни врски