Knowledge Base Wiki

Search for LIMS content across all our Wiki Knowledge Bases.

Type a search term to find related articles by LIMS subject matter experts gathered from the most trusted and dynamic collaboration tools in the laboratory informatics industry.

Поранешната скопска синагога „Бет Јаков“

Синагога или авра[1]еврејски молитвен дом. Зборот означува собрание (од грчки: συναγογε синагоге - хебрејски: Beit Knesset (בית כנסת).

Главната улога на синагогите е заедничка молитва, и покрај тоа што е поврзана и со приватни или лични молитви. Кога станува збор за уметност и архитектурата на синагогите, Евреите својот живот го прилагодувале надвор од храмот. Тоа е своевидно отстапување од колективната религија, од најрано време, спрема поединечната религија на синагогата, којашто би можела да биде проширена во сите земји и сите заедници.

Сѐ до модерно време, синагогата е седиште на еврејското искуство. Со либералните тенденции, настапиле разни иновации во синагогите. За разлика од христијанската црква, на пример, синагогата не е храм, бидејќи според јудаизмот има еден единствен храм – денес непостоечкиот Соломонов храм.

Синагогата е место каде што верниците се собират на секој свет ден. Богослужба во строга смисла не се спроведува, но се исполнуваат ритуали, се произнесуваат молитви, се читаат проповеди. Богослужбата е можна само во храмот на Соломон.

Интересна е местоположбата на синагогите, бидејќи според талмудските верувања, во саботниот ден (којшто е неработен) е дозволено човек да измине 800 стапки. Во врска со тоа, во минатото синагоги се граделе онаму каде што во близина има компактно еврејско население.

Архитектурата на синагогата варира според местото и државата во којашто е градена. Една од најзабележителните градби се наоѓа во Шпанија.

Наводи

  1. Авра на Дигиталниот речник на македонскиот јазик