Type a search term to find related articles by LIMS subject matter experts gathered from the most trusted and dynamic collaboration tools in the laboratory informatics industry.
Највисоко владеечко тело | ИХФ |
---|---|
Почеток | Кон крајот на 19 век во Данска. Пронајден од Николај Ернст во 1897 година во Ниборг. |
Регистрирани играчи | > 27 милиони (2016)[1] |
Карактеристики | |
Контактен | Да (фронтален) |
Членови на екипата | 7 од секоја екипа (вклучувајќи го голманот) |
Мешани полови | одделни натпревари |
Категоризација | Екипен спорт, спорт со топка |
Опрема | Топка и голови |
Терен | Затворен простор |
Олимписки | Дел од Летната олимписка програма во 1936 година. Демонстративен на ЛОИ 1952. Вратен на Летните олимписки игри 1972. |
Ракомет (познат и како тимски ракомет, европски ракомет или олимписки ракомет)[2] — екипен спорт со топка, во кој се натпреваруваат две екипи по седум натпреварувачи (шест играчи плус еден голман) чија цел е да се постигне повеќе голови од противникот со рака. Стандарден натпревар се состои од два периода од 30 минути, а екипата која постигнала повеќе голови, победува во натпреварот.
Современиот ракомет се игра на терен кој е широк 40 метри, а е долг 20 метри, со гол на средина на секој крај од теренот. Головите се опкружени со зона од 6 метри каде што е дозволен пристап само на одбранбениот голман. Головите мора да бидат постигнати со фрлање на топката надвор од зоната. Спортот обично се игра во затворено, но варијантите на отворено постојат во форма на теренски ракомет и чешки ракомет (кои во минатото биле почести) и ракомет на плажа. Играта е брза и обично се постигнуваат многу погодоци: професионалните тимови обично постигнуваат меѓу 20 и 35 голови на секоја страна, иако помалкуте погодоци не биле невообичаени до пред неколку децении. Дозволен е контакт со тело кога бранителите се обидуваат да ги спречат напаѓачите да се приближат кон противничкиот гол. Не е дозволена заштитна опрема, но играчите може да носат меки заштитни ленти, влошки и штитници за уста.[3]
Играта била кодифицирана на крајот на 19 век во Данска. Современиот пакет правила бил објавен во 1917 година во Германија и оттогаш правилата имале неколку ревизии. Првите меѓународни игри се одиграле според овие правила за мажи во 1925 година и за жени во 1930 година. Машкиот ракомет за првпат се играл на Летните олимписки игри во 1936 година во Берлин на отворено, а следниот пат на Летните олимписки игри во 1972 година во Минхен во затворен простор, и оттогаш е олимписки спорт. Женскиот ракомет бил додаден на Летните олимписки игри во 1976 година.
Меѓународната ракометна федерација била формирана во 1946 година и од 2016 година има 197 федерации-членки.[4] Спортот е најпопуларен во земјите на континентална Европа, чии земји ги освоиле сите медали на светските првенства за мажи од 1938 година. На женските светски првенства само две неевропски земји ја освоиле титулата: Јужна Кореја и Бразил. Играта исто така ужива популарност во Источна Азија, Северна Африка и делови од Јужна Америка .
Постојат докази за античките римски жени кои играле верзија на ракомет наречен expulsim ludere. Постојат записи за ракометни игри во средновековна Франција и меѓу Инуитите во Гренланд, во средниот век. До 19 век, имало слични игри на Хандболд од Данска, хазена во Чешка, ракомет во Украина и торбол во Германија.[5]
Денешната ракометна екипна игра била кодифицирана на крајот на 19 век во северна Европа: пред сè во Данска, Германија, Норвешка и Шведска. Првиот пишан сет на тимски ракометни правила бил објавен во 1906 година од данскиот учител по фискултура, поручник и олимписки медалист Холгер Нилсен од граматичката школа Ордуп, северно од Копенхаген. Современиот пакет правила бил објавен на 29 октомври 1917 година од Макс Хајсер, Карл Шеленц и Ерих Кониг од Германија. По 1919 година, овие правила ги подобрил Карл Шеленц. Првите меѓународни игри се играле според овие правила, помеѓу Германија и Белгија во машка конкуренција во 1925 година и помеѓу Германија и Австрија во женска конкуренција во 1930 година.
Во 1926 година, Конгресот на Меѓународната федерација за аматерска атлетика номинирал комитет за изготвување меѓународни правила за екипниот ракомет. Меѓународната аматерска ракометна федерација била формирана во 1928 година, а подоцна Меѓународната ракометна федерација била формирана во 1946 година.
Машкиот екипен ракомет се играл на Летните олимписки игри во 1936 година во Берлин. Во текот на следните неколку децении, ракометот во затворен простор доживеал голема популарност и посебно се развил во скандинавските земји. Спортот повторно се појавил на светската сцена како екипен ракомет за Летните олимписки игри во 1972 година во Минхен. Женскиот екипен ракомет бил додаден на Летните олимписки игри во 1976 година во Монтреал . Поради својата популарност во регионот, земјите од Источна Европа станале доминантна сила во спортот кога тој повторно бил воведен.
Меѓународната ракометна федерација го организирала машкото светско првенство во 1938 година и на секои четири (понекогаш три) години од Втората светска војна до 1995 година. Од светското првенство во 1995 година во Исланд, турнирот се одржува на секои две години. Женското светско првенство се одржува од 1957 година. ИХФ организира и женски и машки јуниорски светски првенства. До јули 2009 година, ИХФ навела 166 федерации членки со приближно 795,000 екипи и 19 милиони играчи.
Правилата се утврдени во сетот на правила на IHF.[6]
Две екипи од седум играчи (шест играчи на теренот плус еден голман) го преземаат теренот и се обидуваат да постигнат погодоци со фрлање на топка во голот на противничкиот тим. При ракувањето со топката, играчите подлежат на следниве ограничувања:
Забележителни можности за постигнување може да се појават кога напаѓачките играчи скокаат во областа на зоната од шест метри. На пример, напаѓачки играч може да фати пас додека се наоѓа во внатрешноста на зоната, а потоа да шутира или да помине пред да го допре подот. .
Ракометарот се игра на терен односно игралиште кое има правоаголна форма со димензии од 40 метри должина и 20 метри ширина,[7] и се состои од два голмански простора и поле за игра. Головите од двете страни се опкружени со скоро полукружна област, наречена зона, дефинирана со линија од шест метри од голот. Испрекинетата полукружна линија од девет метри од голот ја означува линијата за слободни фрлања. Секоја линија на теренот е дел од областа што ја опфаќа. Ова подразбира дека средната линија припаѓа на двете половини во исто време.
Головите се поставени во средината на секоја од двете надворешни гол линии. Тие мора да бидат безбедно зацврстени или на подот или на ѕидот зад себе. Внатрешната височина на головите изнесува два метри, а широчината изнесува три метри.[7] Стативите на голот се поврзани со една хоризонтална пречка. Задната страна на стативите на голот треба да биде во иста линија со задниот раб на гол линијата. Стативите и пречките на головите мора да бидат во квадратна форма со широчина од 8 сантиметри. Трите страни, кои се видливи од игралиштето, мора да бидат обоени со две различни бои, кои пак мора да се разликуваат од позадината на голот. Боите на двата гола мора да бидат исти. Секој гол мора да има мрежа. Мрежата мора да се прицврсти на таков начин што топката фрлена во голот да не го напушта или поминува во нормални околности. Доколку е потребно, втората мрежа може да се залепи на задниот дел од мрежата однатре.
Сите линии на игралиштето се во целост составен дел од просторот што го опкружуваат. Гол линиите треба да бидат широки 8 сантиметри меѓу стативите на голот, додека сите остантаи линии треба да бидат широки 5 сантиметри. Две полиња на игралиштето наместо со линија може да се одделат со различни бои на полињата.
Голманскиот простор се означува со линија на голманскиот простор. Оваа област е обележана од две четвртински кругови со полупречник од шест метри околу крајните агли на секоја статива и една линија за поврзување паралелно со голот. Едната линија е долга 3 метри и се наоѓа директно пред голот, и истата е паралелна со гол линијата и е оддалечена 6 метри од неа (мерено од задниот раб на гол линијата до предниот раб на линијата од голманскиот простор). Другата линија е две четвртини од кругот, секоја со полупречник од 6 метри (мерено од задниот внатрешен агол на стативите на голот), кои ја поврзуваат линијата долга 3 метри со надворешните гол линии.
Само во одбраната на голманот е дозволен пристап во овој простор. Како и да е, играчите можат да ја фатат и допрат топката во воздухот во неа сè додека играчот го започнува скокот надвор од зоната и ја ослободува топката пред да падне на подот (слетувањето во рамките на периметарот е дозволено во овој случај сè додека топката не биде ослободена). Ако играчот без топка ја допре земјата во рамките на периметарот на зоната, или линијата околу периметарот, тој мора да го преземе најдиректниот пат од него. Меѓутоа, доколку играчот ја мине зоната во обид да добие предност (на пример за да изгради подобра позиција), неговата екипа ја губи топката според правилата. Слично на тоа, повреда во зоната од одбранбен играч се казнува единствено доколку го стори тоа за да се добие предност во одбраната.
Надвор од еден долг раб на полето за играње од двете страни на средната линија се наоѓаат простор за замена за секоја екипа. Просторот обично ги содржи клупите како можност за седење. Клупите за резервни играчи, а со тоа и „посебна тренерска зона” (простор за водење на екипата), почнува на оддалеченост од 3,5 метри од линијата на центарот. Никакви предмети не може да се ставаат покрај аут линијата пред клупите за резервни играчи (најмалку 8 метри од линијата на центарот).
Само играчите и службените претставници на екипите што се внесени во записникот имаат право да се наоѓаат во просторот за замена. Претставниците на екипите во просторот за замена мора да бидат облечени во спортска опрема или во цивилна гардероба. Службените претставници мора да бидат облечени во боја различна од бојата на играчите од противничката екипа. Ако пред натпреварот се прекршат правилата во врска со просторот за резервните играчи, натпреварот нема да почне додека не се средат неправилностите. Ако прекршоците се случат за време на натпреварот, истиот нема да продолжи по првото прекинување, додека не се средат работите. Официјалните претставници на екипите имаат право и должност да ја водат и да раководат со нивната екипа за време на натпреварот во фер и спортски дух, во рамките на правилата. Во принцип, тие треба да седат на клупата за резервни играчи. Сепак, претставниците може да се движат внатре во „тренерската зона”. „Тренерска зона” е простор непосредно пред клупите и доколку тоа е можно непосредно позади клупите. Движењето и позиционирањето во „тренерската зона” е дозволено со цел на давање на тактички совети и укажување на медицинска помош. Во принцип само на еден официјален претставник му е дозволено да стои во одреден момент.На еден претставник на екипата му е дозволено на момент да ја напушти “тренерската зона” кога сака да го предаде зелениот картон и да побара тајм-аут.
Официјални лица на екипата, заменици и суспендирани играчи мора да чекаат или да се наоѓаат во оваа област. Областа секогаш се наоѓа на истата страна каде се наоѓа сопствената статива на екипата. За време на полувремето, овие области ги заменуваат двете екипи. Секој играч што влегува или ја напушта играта мора да ја премине линијата за замена, која е дел од страничната линија и се протега на 4.5 метри од средната линија до страната на тимот.
Стандарден натпревар има две 30-минутни полувремиња со пауза од 10 до 15 минути. На полувремето, екипите се префрлаат на страната на противникот, а истото го прават и со клупите. За младите, должината на полувремето е намалено за 25 минути на возраст од 12 до 15 години и 20 минути на возраст од 8 до 11 години; иако националните федерации на некои земји може да се разликуваат во нивното спроведување од официјалните упатства. И во двата случаи одморот на полувремето трае 10 минути.[8]
Доколку победникот во одреден натпревар (на пример на некој турнир) мора да се донесе а по истекот на регуларното време, резултатот е нерешен, тогаш следуваат две продолженија од по пет минути и со едноминутна пауза по крајот на првото продолжение. Доколку и по крајот на овие две продолженија не е решен победникот, тогаш натпреварот се решава со изведување на пенали. Ако изведувањето на пенали се користи за да се одреди победникот, право на учество имаат играчите кои не биле исклучени на 2 минути, или дисквалификувани. Секоја екипа одредува 5 играчи. Овие играчи ги изведуваат ударите од 7 метри еден по еден, наизменично со играчите од противничката екипа. Екипите не се обврзани однапред да го утврдат редоследот на изведувачите. Голманите можат да се бираат и заменуваат помеѓу играчите кои имаат право да учествуваат. Играчите можат да бидат и изведувачи на седум метри и голмани. Судиите одлучуваат кој гол ќе се користи. Судиите фрлаат паричка (ждребка), и екипата која го добила ждребот, избира дали ќе изведува седмерци прва или втора. Спротивна постапка се применува за преостанатите изведувања на седум метри, доколку тие мора да продолжат, бидејќи резултатот останал нерешен после пет наизменично изведени седум метри. За продолжение, секоја екипа ќе именува пет играчи. Победникот се утврдува во оној момент, кога една екипа ќе се здобие со гол предност, а да двете екипи извеле ист број на седмерци. Играчите можат да бидат исклучени за понатамошно учество на изведувањето на седум метри во случај на грубо или неспортско однесување. Доколку тоа се однесува на играчот кој е во групата на изведувачи на седум метри, екипата ќе мора да одреди друг изведувач.
Судиите може да бараат тајмаут според нивното дискреционо право; типични причини се повреди, суспензии или чистење на подот. При пеналите, екипите имаат право на промена на голманот.
Од 2012 година, екипите можат да повикаат 3 тајм-аути по натпревар (до два на полувреме), кои траат по една минута секој од нив. Ова право може да биде искористено само од екипата што ја поседува топката. Претставниците на тимот мора да покажат зелен картон на бирото на записничарите. Записничарот на времето потоа веднаш ја прекинува играта со звук на акустичен сигнал и го запира времето. Пред 2012 година, на тимовите им било дозволено само еден тајмаут на полувреме.
Прекршоците за време на тајм–аутот имаат исти последици како и прекршоците за време на натпреварот. Судиите во начело, одлучуваат кога треба да се сопре часовникот кога ќе досудат тајм–аут и кога ќе се продолжи натпреварот. Во случај да тајм-аутот е задолжителен, кога играта е прекината со свиреж на мерачот на време или делагатот, мерачот на време задолжително го запира мерењето на времето веднаш, без чекање на потврда од судиите. Продолжувањето на натпреварот по тајм-аутот секогаш мора да се означи со свиреж.
На секој натпревар судат по двајца судии со еднакви овластувања. Ним им помагаат мерач на време и записничар. Судиите го контролираат однесувањето на играчите и официјалните лица од моментот на нивното доаѓање на местото на одигрување на натпреварот до заминување од истото. Судиите се одговорни за проверка на теренот за игра, головите, и топките пред почеток на натпреварот. Судиите одлучуваат со која топка ќе се игра, утврдуваат дали двете екипи се присутни, дали играчите носат соодветна спортска облека. Тие го проверуваат записникот и опремата на играчите, треба да се погрижат да бројот на играчите и претставниците на екипите на клупата за резервни играчи се во рамките на утврдениот лимит, и го утврдуваат присуството и идентитетот на „одговорниот претставник на екипата“ за секоја екипа. Доколку еден од судиите не е во состојба да го доврши натпреварот, другиот судија сам продолжува да го води натпреварот.
Некои национални тела дозволуваат натпревари со само еден судија во посебни случаи. Ако двајцата судии досудат прекршок, а судиите досудат различни прекршоци за тоа која екипа треба да ја поседува топката, тогаш важи заедничката одлука што ќе ја донесат по меѓусебна консултација. Доколку не успеат да донесат заедничка одлука, тогаш ќе преовладее мислењето на судијата во поле. Пред да се консултираат, судиите мора задолжително да досудат тајм-аут. По консултацијата, судиите даваат јасен сигнал со рака и играта продолжува по сигналот со свиреж [9]. Нивните пресуди се конечни и можат да се обжалат доколку ако не се во согласност со правилата.
Црните дресови се првенствено наменети за судиите. Судиите се позиционираат на таков начин што играчите на тимот се ограничени меѓу нив. Тие стојат дијагонално усогласени така што секој може да набудува една странична линија. Во зависност од нивните позиции, едниот се нарекува судија на теренот, а другиот судија на голот . Овие позиции автоматски ја вклучуваат насоката на топката. Тие физички ги разменуваат своите позиции приближно на секои 10 минути (долга размена) и менуваат страни на секои пет минути (кратка размена).
Кога ќе досудат слободно фрлање или аут, судиите мора веднаш да го покажат правецот во кој треба да се изведе фрлањето. После тоа, во зависност од дадената ситуација, треба да се покаже пропишаниот сигнал со рака со кој се сигнализира и нагласува кога досудуваат казна за некој играч. Ако е потребно да ја објаснат причината за досуденото слободно фрлање или удар од 7 метри, тогаш судиите може да дадат сигнал со рака само заради давање информации. ИХВ дефинира 18 рачни сигнали за брза визуелна комуникација со играчи и службени лица. Сигналот за предупредување е придружуван од жолт картон.[10] Дисквалификацијата за натпревартот се означува со црвен картон,[11] проследено со сина карта, доколку дисквалификацијата ќе биде придружена со извештај.[12] Судиите исто така користат свирежи за да укажат на прекршувања или за повторно да продолжи натпреварот.
Судиите поседуваат свој бележник и џебен часовник на кои запишуваат формални работи како што се следење на головите и суспензиите, или започнување и запирање на времето, соодветно. Тие, исто така, внимаваат на клупите и ги известуваат судиите за грешките при замените на играчите. Нивното биро се наоѓа помеѓу двете области за замена.
Мерачот на време е одговорен за времто за игра, за тајм-аутите и за времето на исклучените играчи. Записничарот е одговорен за записникот, за внесувањето на имињата на играчите во записникот, за запишување на имињата на играчите кои ќе пристигнат откако почнал натпреварот и влегување на играчите кои немаат право да настапат .Другите задолженија, како контрола на бројот на играчите и претставниците на екипите на клупа за резервни играчи, како и излегувањето и влегувањето на резервните играчи, се сметаат како заедничка одговорност. Обично само мерачот на време може да го прекине натпреварот кога е тоа потребно. Ако во салата семафорот не е во функција, тогаш мерачот на време мора да ги информира одговорните претставници на екипите за тоа колку време од натпреварот е одиграно и уште колку време останува, особено по тајм-аутите.
Секој тим се состои од седум играчи на теренот и седум играчи на замена на клупата. Еден играч на теренот мора да биде назначен како голман, разликувајќи се во облеката од останатите играчи на теренот. Замената на играчи може да се направи во кој било број и во кое било време во текот на играта. Размената се одвива преку линијата на замена. Не е потребно претходно известување за судиите.
Некои национални тела, како што е Германската ракометна федерација, дозволуваат замена во помлади тимови само кога екипата има посед на топка или за време на тајмаут. Ова ограничување е со цел да се спречи раната специјализација на играчите за напад или одбрана.
На играчите на терен им е дозволено да ја допираат топката со било кој дел од нивното горно тело, вклучувајќи го и коленото. Како и во неколку други тимски спортови, се прави разлика помеѓу фаќање и дриблинг . Играчот кој ја поседува топката може да стои во мирување само три секунди и може да направи само три чекори. Потоа, тие мора или да стрела кон голот, или да ја додаде топката. Правењето на повеќе од три чекори во секое време се смета за прекршок и резултира со одземање на топката. Играчот може да дрибла онолку пати колку што сака (иако, бидејќи поминувањето е побрзо, тоа е најпосакуваниот метод на напад), сè додека во текот на секој дриблинг, раката контактира само со горниот дел од топката. Откако ќе започне со своето дриблење, играчот има право на уште три секунди или три чекори. Топката мора да се пренесе или шутира, бидејќи понатамошното држење или дриблинг ќе резултира со двојно водење на топката, кое пак претставува прекршок и одземање на топката во корист на противничката екипа. Носењето на топката во зоната од шест метри резултира со посед на топка од голманот.
Само на голманите им е дозволено да се движат слободно во рамките на периметарот на голот, иако не можат да го преминат периметарот на зоната од 6 метри, додека ја поседуваат топката. Во зоната, им е дозволено да ја допираат топката со сите делови од нивните тела, вклучувајќи ги и нозете, а когаќе излезат од одбранбената зона, и за нив важат истите правила како и за играчите. Голманите може да учествуваат во нормалната игра на своите соиграчи. Тие може да бидат заменети со редовен играч на теренот доколку нивниот тим избере да ја користи оваа тактика. Претходно, според старите правила, играчот кој го заменуваше голманот на теренот; мораше да облече посебна мајца за да биде идентификуван како таков. Таа мораше да биде еднаква по боја и форма со дресот на голманот, за да се избегне забуна. Промена на правилото со цел да се направи играта поофанзивна сега им дозволува на секој играч да се замени со голманот. Новото правило наликува на онаа што се користи во хокеј на мраз. Ова правило за првпат се користело на Женското светско првенство во декември 2015 година а во машка конкуренција било воведено на Светското првенство во 2016 година. На Олимписките игри овие правила за првпат биле воведени на Олимпијадата во Рио во 2016 година..
Ако кој било голман ја исфрли топката над надворешната гол линија, неговиот тим останува во посед на топката, за разлика од другите спортови како фудбалот . Голманот ја продолжува играта со додавање во рамките на зоната. Преминувањето кон сопствениот голман резултира во одземање на топката. При изведување на пенал, фрлањето на топката кон главата на голманот кој не се движи ризикува директна дисквалификација („црвен картон“).
Надвор од сопствената Д-зона, голманот се третира како актуелен играч на теренот и мора да ги следи правилата кои важат за играчите на теренот. Голманот може да не се врати во својата зона со топката.
На секоја екипа е дозволено да има максимум четворица претставници на тимот кои седат на клупите. Официјален е секој кој не е ниту играч ниту замена. Еден службеник мора да биде назначен претставник кој обично е менаџер на тимот. Од 2012 година, претставниците можат да повикаат до 3 тајм-аути (најмногу два за едно полувреме), и може да се обратат до записничарот или судиите; Според старите правила, за едно полувреме една екипа имала право на еден тајм-аут. Другите службеници обично ги вклучуваат лекари или останати менаџери. Ниту еден службеник не смее да влезе во игралиштето без дозвола на судиите. На претставниците на една екипа не може да се даде повеќе од една опомена. Судиите ќе покажат опомена на претставникот кои направил прекршок, покажувајќи му жолт картон со крената рака. Кога судиите ќе изречат суспензија на 2 минути на еден претставник на екипата во согласност со правилата, претставникот може да остане на клупата за резервни играчи и да продолжи да ја врши својата функција, но сепак, неговата екипа ќе игра 2 минути со играч помалку на теренот. Но, доколку претставникот биде дисквалификуван до крајот на натпреварот, тој мора веднаш да ја напушти клупата за резервни играчи. По напуштањето на теренот, претставникот на екипата не смее да имаат никаков контакт со екипата.
Топката е сферична и мора да биде изработена од кожа или синтетички материјал. Не е дозволено да има сјајна или лизгава површина. Бидејќи топката е наменета со неа да се управува со една рака, нејзините официјални големини варираат во зависност од возраста и полот на екипите што учествуваат. За секој натпревар мора да има најмалку две топки кои може да се користат. За време на натпреварот резервните топки мора да бидат на записничка маса. Топките мора да одговараат на барањата изнесени во правилата. Судиите решаваат кога треба да се игра со резервна топка. Во таков случај, судиите треба брзо да ја внесат резервната топка во игра, за да се минимизираат прекините во играта и за да се избегнат тајм-аути.
Големина | Категорија | Обем (сантиметар) |
Обем (инчи) |
Тежина (грам) |
Тежина (унца) |
---|---|---|---|---|---|
III | постари од 16 години | 58–60 | 23–24 | 425–475 | 15.0–16.8 |
II | сениорки и кадетки (постари од 14 години) и млади категории (12-16 години) | 54–56 | 21–22 | 325–375 | 11.5–13.2 |
I | пионерки (8-14 години) и пионери (8-12 години) | 50–52 | 20–20 | 290–330 | 10–12 |
Казни им се даваат на играчите, во прогресивен формат, за фаули за кои е потребна поголема казна освен слободен удар. Дејствата се насочени главно кон противничкиот играч, а не кон топката (како што се држење, туркање, газење или скокање во противник), како и контакт од страна, спречување на противнапад на противникот. Сите овие се сметаат за нелегални и се казнливи. Секое прекршување што спречува јасна можност за постигнување резултира во шут од седум метри.
Обично, судијата дава жолт картон како предупредување за овој прекршок; но, доколку контактот бил особено опасен, како на пример да се погоди противникот во главата, вратот или грлото, судијата може да го откаже предупредувањето и да му додели двеминутна суспензија. Играчите се предупредуваат еднаш пред да добијат жолт картон; тие ризикуваат да добијат црвен картон доколку претходно добиле три жолти картони.
Црвениот картон резултира со исфрлање од игра и двојна казна за екипата. Играчот може да добие црвен картон директно за особено груби казни. На пример, секој контакт од позади за време на брзата пауза според новите правила се третира како голем прекршок кој се регулира со доделување на црвен картон; како и секое намерно повредување на противникот. Играч со црвен картон мора целосно да ја напушти областа за играње. Играчот кој е дисквалификуван може да биде заменет со друг играч откако ќе биде издржана казната од две минути. Тренерот или службеникот исто така може да бидат казнети. Секој тренер или службеник кој ќе добие две минути суспензија, ќе мора да повлече еден од своите играчи на две минути од теренот; сепак, играчот не е оној што е казнет и може повторно да биде заменет.
Откако судиите им ја доделуваат топката на противничките играчи од која било причина, играчот кој моментно ја поседува топката треба веднаш и тоа брзо да ја остави топката на подот, а доколку не го стори тоа, тој ризикува да добие две минути суспензија. Исто така, гестикулирање или вербално испрашување на наредбата на судијата, како и расправање со одлуките на службените лица, вообичаено се казнува со жолт картон. Ако суспендираниот играч протестира понатаму, не заминува директно од теренот до клупата, или ако судијата смета дека темпото е намерно бавно, тој играч ризикува да добие двоен жолт картон. Забрането е илегална замена (надвор од наменската област, или ако играчот за замена влегува премногу рано); ако го сторат тоа, играчот повторно ризикува да добие жолт картон.
На играчите обично им се укажува на позициите што ги играат. Позициите секогаш се означуваат од гледиштето на соодветниот голман, така што дефанзивецот од десната страна се спротивставува на напаѓачот од левата страна. Сепак, не можат да бидат окупирани сите следни позиции во зависност од формирањето или потенцијалните суспензии.
Понекогаш, нападот користи формации со двајца пивт играчи.
Постојат многу варијации во одбранбените формации. Обично, тие се опишуваат како n: m формации, каде n е бројот на играчи што бранат во гол линијата и m е бројот на играчи кои се грижат повеќе за нападот. Исклучоци се формирањето на одбраната 3: 2: 1 и n + m (пр. 5 + 1), каде што играчите на одбраната бранат некој играч во покривање на човекот (наместо вообичаената покриеност на зоната).
Нападите се играат со сите играчи на теренот на страната на бранителите. Во зависност од брзината на нападот, се прави разлика помеѓу три нападни бранови со намалена шанса за успех:
Формациите се разликуваат многу од земја до земја и го отсликуваат стилот на игра на секоја земја. Вообичаените формации на одбраната се:[13]
Ракометните екипи обично се организираат како клубови. На национално ниво, клубовите се здружени во федерации кои организираат натпревари во лиги и турнири.
Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) е административно и контролорно тело за меѓународен ракомет. Ракометот е олимписки спорт кој се игра за време на Летните олимписки игри.[14]
ИХФ организира светски првенства, што се одржуваат во необични години, со одвоени натпревари за мажи и жени.[15] Носител на титулите на Светскиот ракомет првенство во ИХФ 2019 година се Данска.[16] Носители на титулите на Светскиот шампион во ракомет за жени во ИХФ 2017 се Франција .[17]
ИХФ е составена од пет континентални федерации: Азиска ракометна федерација, Африканска ракометна конфедерација, Пан-американска ракометна федерација, Европска ракометна федерација и Ракометна федерација на Океанија. Овие федерации организираат континентални првенства што се одржуваат секоја втора година. Ракометарот се игра за време на Пан-американските игри,[18] Сите игри во Африка,[19] и Азиските игри.[14] Ркометот се игра и на Средоземните игри. Покрај континенталните натпреварувања меѓу националните екипи, федерациите организираат меѓународни турнири меѓу клупските тимови.[20]
Актуелниот светски рекорд за посетеност на ракомет бил поставен на 6 септември 2014 година, за време на неутралниот натпревар на германската лига на натпреварите помеѓу ХСВ Хамбург и Лавовите со седиште во Манхајм .[21] Натпреварот привлекол 44.189 гледачи во Комерцбанк Арената во Франкфурт, надминувајќи го претходниот рекорд од 36.651 поставен на стадионот „Паркен“ во Копенхаген за време на финалето во Купот на Данска во 2011 година .
Ракометните настани се избрани како главен мотив во бројните колекционерски монети. Една од неодамнешните примероци е комеморативната монета од грчки ракомет од 10 евра, кована во 2003 година за одбележување на Летните олимписки игри во 2004 година . На монетата, современиот атлетичар ја насочува топката во рацете кон својата цел, додека во позадината античкиот спортист исфрла топка, во игра позната како хеиросфаира, во репрезентација земена од вазна од керамика во црна фигура од архаискиот период.[22]
Најновата комеморативна монета со ракомет е британската монета од 50 пени, дел од серијата монети што ги одбележуваат Олимписките игри во Лондон 2012 година .[23]
|