Infrastructure tools to support an effective radiation oncology learning health system

Скица на двајца друиди

Друиди (галски: druidae) — жреци (пагански свештеници) меѓу келтските народи, организирани како каста. Кај Келтите, жречката класа била поделена на три касти. Друидите (druadcha — „луѓе на Дабот“) се највисоката каста. Како по правило, тие се скитници жреци или пустиници. Нивните ознаки на боја (роби, наметки) се црни или бели. Тие се водачи на големите верски церемонии. Во своето дело „Белешки за Галската војна“, римскиот генерал Гај Јулиј Цезар спомнува друидски собори што биле затворени за обичните луѓе на рамнодениците и на некои од главните келтски празници. Другите две касти се: оватите (вергобретите) и бардите.[1]

Наводи

  1. „The Druids“. The British Museum. Архивирано од изворникот на 25 февруари 2015. Посетено на 11 февруари 2016.

Надворешни врски