Histopathology image classification: Highlighting the gap between manual analysis and AI automation
Содржина
< XIX век | XX век | XXI век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
Грегоријански календар | 1996 MCMXCVI |
Ab urbe condita | 2749 |
Ерменски календар | 1445 ԹՎ ՌՆԽԵ |
Асирски календар | 6746 |
Бахајски календар | 152–153 |
Балиски календар | 1917–1918 |
Бенгалски календар | 1403 |
Берберски календар | 2946 |
Будистички календар | 2540 |
Бурмански календар | 1358 |
Византиски календар | 7504–7505 |
Кинески календар | 乙亥年 (дрв. свиња) 4692 или 4632 — до — 丙子年 (огн. стаорец) 4693 или 4633 |
Коптски календар | 1712–1713 |
Етиопски календар | 1988–1989 |
Еврејски календар | 5756–5757 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 2052–2053 |
- Сачка ера | 1917–1918 |
- Кали-југа | 5096–5097 |
Холоценски календар | 11996 |
Игбоански календар | 996–997 |
Ирански календар | 1374–1375 |
Исламски календар | 1416–1417 |
Јапонски календар | Хејсеј 8 (平成8年) |
Јавански календар | 1928–1929 |
Џуче-календар | 85 |
Јулијански календар | грегоријанската без 13 дена |
Корејски календар | 4329 |
Мингуо-календар | Тајван 85 民國85年 |
Нанакшахи | 528 |
Тајландски сончев календар | 2539 |
Тибетски календар | 阴木猪年 (женско дрво-свиња) 2122 или 1741 или 969 — до — 阳火鼠年 (машки оган-стаорец) 2123 или 1742 или 970 |
Униксно време | 820454400 – 852076799 |
1996 (MCMXCVI) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1996 година од новата ера, 996. од вториот милениум, 96. од XX век и седма од 1990-тите.
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7504 и 7505 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6746 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5756 и 5757 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2749.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1996 година се протега во 4632 и 4633, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4692 и 4693 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2539. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1416 и 1417 исламска година.
Настани
јануари
- 3 јануари -Во Скопје почна со работа канцеларијата за врски на Светската здравствена организација.
- 4 јануари - Република Македонија и Република Таџикистан воспоставија дипломатски односи.
- 10 јануари - Генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан ја посети Република Македонија.
- 10 јануари - Република Македонија и Европската унија воспоставија дипломатски односи.
- 16 јануари - Одржано е основачко собрание на партијата Македонска алијанса. Регистрирана е на 22.03.1996 година, а промовирана на 14.06.1996 година. За претседател на партијата е избран Ѓорѓија Атанасовски.
- 18 јануари - Владеачката социјалистичка партија во Грција (ПАСОК) го избра Костас Симитис за премиер на Грција. Основачот на ПАСОК, Андреас Папандреу поднесе оставка на функцијата поради нарушена здравствена состојба.
- 25 јануари - Парламентарното Собрание на Советот на Европа одлучи да ја прими Русија наспроти острите критики поради воената интервенција во Чеченија.
- 25 јануари - Република Македонија и Белиз воспоставија дипломатски односи.
- 26 јануари - Американскиот Сенат го одобри Договорот Старт-2 за намалување на бројот на американските и руските јадрени ракети.
- 30 јануари - Како прилог на весникот „Вечер“ излезе првиот број на весникот „Занаетчија“, гласило на Здружението на занаетчиски и други самостојни стопанственици на град Скопје - Стопанска комора на Македонија.
февруари
март
април
- 8 април - Република Македонија и Сојузна Република Југославија воспоставија дипломатски односи.
мај
јуни
јули
август
септември
октомври
ноември
- ноември - Macromedia создаде векторски заснована програма за анимација наречена Flash
декември
Родени
Починале
- 8 јануари - Франсоа Митеран, француски претседател
- 28 јануари - Јосиф Бродски, руски поет
- 4 март - г.г. Гаврил, архиепископ на Македонската православна црква
- 21 април - Џохар Дудаев, чеченски претседател
- 15 јуни - Ела Фицџералд, американска пејачка
- 23 јуни - Андреас Папандреу, грчки премиер
- 13 септември - Тупак Шакур, американски рапер
- 19 декември - Марчело Мастројани, италијански глумец
- 20 декември - Карл Саган, американски астроном