FAIR and interactive data graphics from a scientific knowledge graph

Уреди врски
Apple Inc.
Видјавна
ISINUS0378331005 Уреди на Википодатоците
ДејностЕлектроника
Информатичка технологија
consumer electronics industry
програмерска индустрија
разработка на програми Уреди на Википодатоците
Основаноаприл 1 1976 (1976-04-01) (incorporated January 3, 1977 as Apple Computer, Inc.)
Основач
Седиште,
САД
Испостави
364 retail stores (од октомври 2011 )
Опслужувани подрачја
во светски рамки
Производи
Услуги
Доход US$ 108.249 билиони (2011)[2]
Оперативен доход
US$ 033.790 билиони (2011)[2]
Нето-доход
US$ 025.922 билиони (2011)[2]
Вкупно актива US$ 116.371 билиони (2011)[2]
Вк. капитал US$ 076.615 билиони (2011)[2]
Вработени
60,400 (2011)[3]
ПодружнициБраебурн Капитал, Фајлмејкер, Анобит
Мреж. местоApple.com


Епл (англиски: Apple Inc.), порано позната како Apple Computer, Inc. — американска мултинационална корпорација со седиште во Купертино, Калифорнија која дизајнира, развива и продава електроника, компјутерски софтвер и лични сметачи.
Нивните најпознати хардверски производи се линијата на компјутери Мак, iPod музички изведувач, iPhone смарт телефон и iPad таблет компјутери. Нивниот софтвер ги вклучува оперативните системи OS X и iOS, iTunes медиа пребарувачот, Safari пребарувачот и iLife и iWork места за креативност и производство. Компанијата беше основана на 1 април 1976 година и инкорпорирана како Apple Computer, Inc. на 3 јануари 1977. Зборот “компујтер”беше отстранет од нивното име на 9 јануари 2007 година, како рефлексија на променетиот фокус кон потрошувачката електроника после воведувањето на iPhone. Apple е втора по големина компанија за информациска технологија од страна на приходи после Samsung Electronics, и трета по големина по производство на мобилни телефони после Samsung и Nokia. Списанието Fortune го именуваше Apple Inc. како компанија на која најмногу и се восхитуваат во САД во 2008 и во светот од 2008 до 2012. Како и да е компанијата доби критики за работните практики на изведувачите и за своите еколошки и бизнис практики.

Од ноември 2012, Apple Inc. одржува 394 продавници на мало во 14 земји како и продавници на интернет Apple Store и iTunes Store. Таа е втора по големина јавна трговска инкорпорација во светот по пазарна капитализација со проценета вредност од 414 билиони долари од јануари 2013. Од 29 септември 2012 година компанијата има 72 800 постојано вработени со полно работно време и 3300 повремено вработени со полно работно време низ целиот свет. Вкупниот годишен приход низ светот во 2012 изнесувал 156 билиони долари.
Во мај 2013, Apple Inc. достигна до топ 10 на листата на магазинот Fortune од 500 за првпат заземјаќи 6 позиции, 11 места погоре од претходната година.

Историја

1976-1980: Основање и надградување

Првиот производ на Apple Inc.

Apple Inc., првиот производ на Apple Inc., беше продаден како собрано коло и му недостасуваа основни делови како тастатура, монитор и куќиште. Сопственикот на овој уред додаде тастатура и дрвено куќиште. Apple Inc. беше основана на 1 април 1976 од Стив Џобс , Стив Возниак и Роналд Вејн за да ја продадат опремата за личниот сметач Apple I. Опремите беа рачни изработени од Wozniak и за првпат прикажани на јавноста во компјтерскиот клуб Homebrew. Apple I беше продаден како матична плоча (со CPU, RAM, и основни текстуални видео чипови) што е помалку од она што денес се смета за целосен личен сметач. Apple I започна да се продава во јули 1976 со цена на пазарот од 666.66 долари (2,690 долари во 2013, прилагодено на инфлацијата)
Apple Inc. беше инкорпориран на 3 јануари 1977 без Вејн (Wayn) кој го продал својот дел од компанијата на Џобс и Возниак за 800 dolari. Мултимилионерот мајк Маркула обезбедил основна бизнис експертиза и финансирање од 250,000 долари за време на инкорпорацијата на Apple Inc.

Apple II

Apple II беше претставен на 16 април 1977 на првиот компјутерски саем на Западниот брег. Тој се разликуваше од неговите големи соперници TRS-80 и Commodore PET, поради неговите графици во боја засновани на ќелиите за табеларни пресметки и отворената архитектура. Додека раните модели користеа обични касетни ленти како уреди за зачувување, тие беа заменети со воведувањето на флопи дискови 5 1/4 инчи и интерфејс, Диск II.

Apple II беше избран да биде десктоп платформа за првата килер апликација ("killer app") во светот на бизнисот, Визикалк (VisiCalc), програма за табеларни пресметувања. Визикалк (VisiCalc) создаваше бизнис маркет за Apple II и им овозможи на домашните корисници компатибилност со канцелариите што е додатна причина за да се купи Епл II (Apple II).Apple беше на далечното трето место до Commodore и Tandy сè додека не дојде VisiCalc.
До крајот на 1970-тите, Apple Inc. имаше персонал од компјтерски дизајнери и производствена линија. Компанијата го претстави “несреќниот” Apple III во мај 1980 како обид да се натпреварува со ИБМ (IBM) и Микрософт (Microsoft) во бизнисот и корпоративниот компјутерски пазар.
Џобс и неколку вработени воApple Inc., вклучувајќи го и Џеф Раскин , го посетија Xerox PARC во декември 1979 за да го видат Xerox Alto. Ксерокс му овозможи тридневен пристап до просториите на PARC на инженери на Apple Inc. во замена за опцијата да купи 100 000 акции (800,000 поделено –прилагодени акции) од Apple Inc. по цена од 10 долари по акција. Џобс веднаш беше убеден дека сите идни компјутери ќе користат графички кориснички интерфејс (GUI graphical user interface) и развивањето на графички кориснички интерфејс (GUI) започна со Епл Лиса.
На 12 декември 1980, Apple Inc.излезе во јавност со 22 долари за акција , генерирајќи повеќе капитал отколку било кој ИПО од Компанијата Форд Моторс во 1956 и веднаш создаваше повеќе милионери отколку било која компанија.

1981–1985: Лиза и Мекинтош

Првиот Мекинтош, направен во 1984

Стив Џобс започнал да работи на Apple Lisa во 1978, но во 1982 тој бил отстранет од тимот поради заткулисни пресметки. Џобс го презел ниско буџетниот компјутерски проект на Џеф Раскин, Макинтош. Избила трка помеѓу тимот на Lisa и тимот на Macintosh за тоа чиј производ ќе излезе прв. Лиза ја доби битката и во 1983 стана првиот личен сметач продаден на јавноста со GUI (графички кориснички интерфејс) но беше комерцијален неуспех поради високата цена и ограничените софтврески можности.
Првиот Мекинтош излезе во 1984.
Во 1984, Apple Inc. потоа го ласнираше Мекинтош. Неговото деби беше објавено на сега познатата телевизиската реклама вредна 1,5 милиони долари "1984". Таа беше режирана од Ридли Скот и беше емитувана за време на третата четвртина од Super Bowl XVIII на 22 јануари 1984. Таа сега се смета за пресвртница за успехот на Apple Inc. и како „ремек-дело“.
На почетокот Мекинтош се продавал добро , но продажбите кои следеа не биле добри поради високата цена и ограничените софтверски можности. Среќата на машината се сменила со претставувањето на Laser writer, првиот Post Script ласерски печатач кој бил понуден по разумна цена, и PageMaker ран десктоп издавачки пакет. Беше предложено дека комбинација од овие три производи била одговорна за создавање на десктоп издавачки пазар. Mak (Mac) беше особено моќен во десктоп издавачкиот пазар како резултат на напредните графички способности, кои биле неопходно изградени за да го создаваат интиутивниот графички кориснички интерфејс на Macintosh GUI.
Во 1985 моќна борба се разви помеѓу Џобс и Џон Скули извршен директор, кој бил најмен пред две години. Одборот на директори од Apple Inc. му давале инструкции на Скули да го “следи” Џобс и да ја ограничи неговата способност да лансира скапи упади во нетестирани производи. Наместо да ги послуша насоките на Скули , Џобс се обидел да го отстрани него од водечката улога во Apple Inc.. Скули дознал дека Џобс се обидува да организира пуч и повикал состанок на одборот на кој Одборот на директори на Apple Inc. застанал на негова страна и го остраниле Џобс од неговите менаџерски должности. Џобс поднел оставка од Apple Inc. и ја основал Некст Инк. истата година.

1986-1997: Опаѓање

Macintosh Portable беше првиот Apple пренослив компјутер произведен во 1989 година.

Портаблот Мекинтош бил претставен во 1989 и бил дизајниран да биде моќен колку и декстоп Мекинтош, но тежел гломазни 7.5 килограми (17 lb) со дванаесет часовна батерија. После Портаблот Мекинтош, Apple Inc. го вовел и PowerBook во 1991. Истата година, Apple Inc. го вовел и Систем 7, голема надградба на оперативниот систем којшто додал боја во интерфејсот и воведил нови мрежни способности. Тој останал архитектурна база за Mac OS до 2001.

Успехот на PowerBook и другите производи донеле зголемен приход. Некое време на Apple Inc. му одеше неворојатно добро, воведувајќи нови свежи производи и генерирајќи профит во процесот. Магазинот MacAddice го именувал периодот помеѓу 1989 и 1991 како "прво златно доба" на Мекинтош.
Следејќи го успехот на Macintosh LC, Apple Inc. воведе Центрис (Centris) линија, ниската Quadra понуда, и несреќната Performa линија која беше продавана со неверојатен број на конфигурации и софтверски снопчиња за да се избегне натпреварување со различните потрошувачки места како Sears, Price Club), и Wal-Mart (основните дилери на овие модели. Потрошувачите беа збунети и не ги разбираа разликите помеѓу моделите.

За ова време Apple Inc. експериментираше со бројни неупсешни производи кои беа цел на потрошувачите, дигитални камери, портабле ЦД аудио изведувачи, звучници, видео консоли и ТВ додатоци. Огромни средства беа исто така инвестирани во проблематичната Њутн дивизија заснована на нереалната пазарна прогноза на Џон Скули. На крајот ниеден од овие производи не помогна и пазарот на Apple Inc. и цените на акции почнаа да опаѓаат.

Apple Inc. ги гледаше Apple II сериите како премногу скапи за да ги произведуваат, додека ги преземаше продажбите од евтиниот Мекинтош. Во 1990, Apple Inc. го пушти Macintosh LC со единечен слот за експанзија за Apple II и картичката што ги пренесе корисниците на Apple II на платформата на Мекинтош. Apple Inc. престана да го продава Apple II во 1993.

PowerBook 100

Микрософт продолжи да го добива пазарот со Windows фокосирајќи се на испорака на софтвер на евтини лични сметачи додека Apple Inc. испорачуваше богат инженерски, но скап, со искуство кој се потпирал на маргините на високиот профит и никогаш не развил јасен одговор. Наместо тоа тие ги тужеа Microsoft за користење на графички кориснички интерфејс сличен на оној на Епл Лиса во Епл Компјутери . против Микрософт Корпорација. Тужбата се влечеше со години пред да биде конечно отфрлена. Во исто време серија од големи производствени неуспеси и пропуштени рокови ја урнаа репутацијата на Apple Inc. и Скули беше заменет со мајкл Спиндлер.

Apple Newton MessagePad

Њутн беше првиот упад на Apple Inc. на ПДА пазарите, а исто така и прв на пазарот. И покрај тоа што беше финасиски пораз во времето на неговото појавување, тој помогна да се расчисти патот за Палм Пилот и iPhone и iPad на Apple Inc. во иднина. До раните 1990-ти, Apple Inc. развиваше алтернативни платформи на Мекинтош, како A/UX. Apple Inc. исто така започна со експериментирање во обезбедувањето на онлајн портал којшто тие го нарекоа еВорлд (eWorld), развиен во соработка со Америка онлајн (America Online) и дизајнираше Мак-френдли алтернатива за другите онлајн услуги како CompuServe. Мекинтош платформата самата по себе стануваше застарена бидејќи не беше создадена за извршување на повеќе задачи и неколку важни софтверски рутини биле програмирани директно во хардверот. Во дополнение, Apple Inc. се соочуваше со конкуренција од OS/2 и UNIX продавачи како Sun Microsystems. Мекинтош ќе треба да биде заменет со нова платформа или преработен за да може да работи на помоќен хардвер.
Во 1994, Apple Inc. се здружи со ИБМ и Моторола во АИМ ) алијанса. Целта беше да создаваат нова компјутерска платформа (the PowerPC Reference Platform), која ќе го користи хардверот на ИБМ и Моторола дуплиран со софтверот на Apple Inc.. Алијансата на АИМ се надеваше дека перформансите на PreP и софтверот на Apple Inc. ќе го остават персоналниот компјтер далеку зад себе, и на тој начин борбата против Микрософт. Истата година, Apple Inc. го воведе Power Macintosh, првиот од многуте Епл (Apple) компјутери кои го користат обработувачот на Моторола (Motorola's PowerPC processor).
Во 1996, мајкл Спиндлер беше заменет со Џил Амелио како извршен директор. Џил Амелио направи многу промени во Apple Inc., вклучувајќи големи отпуштања. После бројни неуспешни обиди да го подобри Мак ОС (Mac OS), прво со проектот Талигент (Taligent project), подоцна со Copland и Gershwin, Амелио избра да го купи NeXT и неговиот NeXTSTEP оперативен систем, носејќи го Стив Џобс назад во Apple Inc. како советник. На 9 јули 1997, Џил Амелио беше истеран од Одборот на Директори после надгледување на тригодишна ниска цена на акциите на пазарот и осакатени финансиски загуби. Џобс стана привремен извршен директор и започна со реконструирање на производствената линија на компанијата.
На Макворлд Експо во 1997,Стив Џобс изјави дека Apple Inc. ќе му се придружи на Микрософт за да издадат нова верзија на Микрософт Офис за Мекинтош, и дека Микрософт заработи 150 милиони долари инвестиција во акциите без право на глас на Apple Inc..
На 10 ноември 1997, Apple Inc. воведе Apple Online Store, врзана со нова структура на порачување на производствена стратегија.

1998-2005: Враќање кон профитабилноста

Apple продавниците им овозможија на потенцијалните купувачи да го користаат floor model

На 15 август 1998, Apple Inc. воведе нов компујтер ‘се во еден’ кој потсетуваше на Мекинтош (Macintosh 128K): iMac. Дизајнерскиот тим на iMac беше воден од Jonathan Ive, кој подоцна го дизајнирал iPod и iPhone. iMac имал одлики од модерната технологија и уникатен дизајн и бил продаден во скоро 800,000 примероци во првите пет месеци.
Низ овај период , Apple Inc. закупил неколку компании да создаваат портфолио од професионални и дигитален производствен софтвер кој ќе биде ориентиран кон потрошувачите. Во 1998, Apple Inc. ја објави набавката на Макромедиа Фајнл Кат (Macromedia's Final Cut) софтвер, сигнализирајќи ја експанзијата во дигиталниот издавачки пазар. Следната година, Apple Inc. издаде два видео издавачки производи.:iMovie за потрошувачиѕте и за професионалците, Фајнл Кат Про, кој прерасна во значајна видео-издавачка програма со 800 000 регистрирани корисници на почетокот во 2007. Во 2002 Apple Inc. ја купи Nothing Real за нивната напредна дигитална композирачка апликација Shake,како и Emagic за нивната музичка продуктивна апликација Logic, која водеше до развој на нивната апликација за потрошувчите GarageBand.
Пуштањето на iPhoto истата година го коплетираше iLife suite.
Mалопродажните продавници на Apple Inc. му овозможи на потенцијалните потрошувачи да ги користат подните модели без да направат набавка. (Apple Store, North Michigan Avenue, Chicago, Illinois in 2005).
Мак ОС, заснован на НЕКСТ ОПЕНСТЕП и БСД Уникс беше пуштен во продажба на 24 март 2001, после неколку години развој. Ценејќи на потрошувачите и професионалците како Mac OS X било со цел да се комбинира стабилноста, доверливоста и безбедноста на Unix со олеснување на користењето овозможено од извлечениот кориснички интерфејс. За да им се помогне на корисниците во миграцијата од Mac OS 9, новиот оперативен систем го овозможи користењето на OS 9 апликациите низ Mac OS X so Класик околина.
На 19 мај 2001, Apple Inc. ја отвори првата официјална продавница на мало во Вирџинија и Калифорнија. На 9 јули тие ја купија Спрус Технологија, авторитетна компанија за ДВД. На 23 октомври истата година, Apple Inc. го објави iPod портабл дигитален аудиоизведувач и започна да го продава на 10 ноември. Производот беше феноменално успешен – над 100 милиони уреди беа продадени во период од 6 години. Продавница за 003, Apple's iTunes беше отворена која нудеше симнување на музика на интернет за 0.99 долари за една песна и интеграција со iPod. Услугата брзо стана пазарен водач во услугата музички сервис на интернет со над 5 милиони симнувања до 19 јуни 2008.
Од 2001 дизајнерскиот тим на Apple Inc.прогресивно го напушти користењето на проѕирно обоени пластики кои прво се користеле во iMac G3. Ова започна со титанскиот PowerBook и беше следен од белиот поликарбонатен iBook и iMac со рамен панел.

2005-2007: Транзиција на Интел архитектура

MacBook Pro беше првиот лаптоп од Apple Inc. со интелов обработувач беше најавен во 2006. На светската конференција на девелопери при обраќањето на 6 јуни 2005, Стив Џобс најави дека Apple ќе започне со производство на Mac компјутери засновани на интелова архитектура во 2006.
На 10 јануари 2006 новите MacBook Pro и iMac станаа првите Apple Inc. компјутери коишто користеа интелов Core Duo обработувач. До 7 август 2006 Apple Inc. ја префрли целата Mac производна линија на интел чипови, една година порано од најавеното. Power Mac, iBook и PowerBook брендовите, беа повлечени за време на оваа транзиција. Нивни наследници станаа Mac Pro, MacBook и MacBook Pro.

MacBook Pro првиот лаптоп на Apple so Интел-микро обработувач, произведен во 2006 година.

На 29 април 2009 Wall Street Journal изјави дека Apple Inc. собира сопствен тим на инженери кои ќе дизајнираат микрочипови. Apple Inc. исто така воведе камп за обука кој ќе им помогне на корисниците да инсталираат Windows XP или Windows Vista на нивните интел засновани Mac компјутери покрај Mac OS X. Успехот на Apple Inc. за време на овој период беше очигледен со подигнувањето на цената на нивните акции на пазарот. Помеѓу почетокот на 2003 и 2006, цената на акциите на Apple Inc. се зголеми повеќе од 10 пати, од почетни $6 по акција, на повеќе од $80. Во јануари 2006 цената на Apple Inc. ја надмина цената на Dell. Девет години претходно директорот на Dellмајкл Дел рече дека ако тој би бил раководител на Apple Inc. тој би го затворил и би им ги вратил парите на акционерите. Иако Apple-овиот удел на пазарот за компјутери порасна, сепак многу заостануваше позади конкурентите кои користеа Microsoft Windows, со удел од само 8% на десктопите и лаптопите во Америка.

2007-2011: Целосен успех

iPhone

Apple достигна целосен успех со нивните iPhone, iPod Touch и iPad производи, кои воведоа иновации во мобилните телефони, преносните музички изведувачи и лични сметачи. Додатно, со воведувањето на продавница за купување на софтверски апликации претставуваше нов бизнис модел. Екраните на допир беа измислени и употребени и претходно во мобилните телефони, но Apple Inc. беше првата фирма која успеа да го придобие целиот пазар со ваквиот интерфејс, којшто вклучуваше одредени однапред програмирани гестикулации на допир. Со давањето на говорот на Macworld Expo на 9 јануари 2007, Џобс најави дека Apple Computer Inc. од тој момент ќе биде познат како Apple Inc., затоа што компјутерите веќе нема да бидат во главен фокус на компанијата, која го смени своето внимание кон мобилните апарати. На истиот настан беа најавени iPhone и Apple TV. Следниот ден акциите на Apple Inc. се дигнаа на $97.80, што беше највисоката цена на акции од оваа фирма до тогаш. Во мај, цената на акциите на Apple Inc. надминаа $100. Во натпис објавен на страната на Apple Inc. на 6 февруари 2007, Стив Џобс пиша дека Apple Inc. ќе продава музика преку iTunes продавницата без менаџмент на дигиталните права (DRM) (што би овозможило траките да бидат пуштани на други изведувачи), ако издавачките куќи се согласат да се откажат од оваа технологија.
На 2 април 2007, Apple Inc. и EMI заедно објавија дека ќе ја отстранат DRM технологијата од каталогот на EMI производите во iTunes продавницата, започнуваќи од мај таа година. Другите издавачки куќи го следеа овој пример подоцна таа година.
Во јули следната година, Apple Inc. ја отвори App продавницата за продажба на апликации направени од страна на трети лица, за iPhone и iPod Touch. За еден месец продавницата продаде над 60 милиони апликации со придонес од 1 милион долари дневно во просек, со шпекулации од Стив Џобс дека App продавницата може да стане бизнис кој ќе придонесува милијарди долари за Apple Inc. Три месеци подоцна, беше најавено дека Apple Inc. стана трета по ред најголема фирма за достава на мобилни телефони во светот поради популарноста на iPhone.
На 16 декември 2008, Apple Inc. најави дека после повеќе од 20 години присуство на Macworld, 2009 ќе биде последна година во која Apple Inc. ќе присуствува на Macworld Expo и дека Фил Шилер ќе го одржи финалниот говор наместо Џобс. Скоро точно за еден месец потоа, 14 јануари 2009, беше објавено интерно писмо од Џобс каде што најавува дека ќе земе шест месечно отсуство, до крајот на јуни 2009, што ќе му дозволи подобро фокусирање на неговото сопствено здравје и ќе и дозволи на компанијата подобро да се фокусира на нејзините производи отколку да се шират шпекулации за неговото здравје. И покрај отсуството на Џобс, Apple Inc. го забележа најдобриот не празничен квартал (Q1 FY 2009) за време на рецесија со приход од $8.16 милијарди и профит од $1.21 милијарди. После години на шпекулации и мноштво наводни истекувања на информации, на 27 јануари 2010 Apple Inc. најавува мултимедијален уред со голем екран познат како iPad. iPad-от работи на истиот систем заснован на допир како iPhone и користи многу од истите iPhone апликации кои се компатибилни со iPad. Ова му обезбеди на iPad-от голема каталошка список на апликации за време на неговото претставување дури и со краткото време за развој на истите пред неговото пуштање во продажба. Подоцна таа година на 3 април 2010, iPad беше пуштен во продажба во Америка и се продадоа повеќе од 300,000 парчиња тој ден, достигнуваќи повеќе од 500,000 продадени парчиња до крајот на неделата. Во мај истата година, акциите од Apple Inc. ги надминаа тие од противникот Microsoft за првпат од 1989. Apple Inc. ја издаде четвртата генерација на iPhone, што воведе видео повикување, повеќезадачност, и нов дизајн со неизолиран нерѓосувачи челик, што има и втора функција како телефонска антена. Поради имплементирањето на оваа антена некои корисници на iPhone 4 пријавија намалување на јачината на сигналот кога телефонот ќе се држи на одреден начин. После поголема покриеност од медиумите вклучуваќи и главни новинарски организации, Apple Inc. одржа прес конференција во која тие им понудија на купувачите бесплатна гумена „одбојна“ опаковка, која што беше докажано дека го елеминира овој проблем со намалување на сигналот. Подоцна истата година Apple Inc. ја обнови нивната линија на MP3-изведувачи, претставуваќи мулти-допирен iPod Nano, iPod Touch со FaceTime и iPod Shuffle со дугмиња кои ги вратија дугмињата од поранешните генерации.
Во октомври 2010, акциите на Apple Inc. достигнаа нов максимум, достигнуваќи $300. Додатно на 20 октомври Apple Inc. ги унапреди нивните MacBook Air лаптопи, iLife комплет на апликации и го претстави Mac OS X Lion, најновата инсталација на нивниот Mac OS X оперативен систем.
На 6 јануари 2011, компанијата ја отвори нивната Mac App продавница, платформа за дистрибуција на дигитален софтвер , слична на дотогашната iOS App продавница. Apple Inc. беше вклучен во документарниот филм “Something Ventured”, чијашто премиера беше во 2011.

Од 2011 до денес: Ерата по Стив Џобс

На 17 јануари 2011, Џобс најави во уште едно интерно „Епл“ писмо дека ќе земе уште едно боледување на неодреден период, што ќе му помогне да се фокусира на неговото здравје. Главниот оперативен директор Тим Кук ги презеде секојдневните опрации на „Епл“ наместо Џобс, иако Џобс сè уште би останал „вклучен во главните стратешки одлуки на компанијата“.
„Епл“ стана највредниот бренд во светот.
Во јуни 2011, Стив Џобс неочекувано се појави сцената и го претстави iCloud, онлајн простор за чување на податоци и сервис за синхронизирање на музика, фотографии, податотеки и софтвер што го замени MobileMe, претходниот обид на „Епл“ за синхронизација. Ова ќе биде последното претставување на производ на кое Џобс ќе присуствува пред неговата смрт. Беше дебатирано дека „Епл“ достигна таква ефикасност во нивниот синџир на добавување што компанијата оперира како монопол (еден купувач, многу продавачи), со што може да ја диктира цената на добавувачите. Во јули 2011, поради Американската криза, финансиските резерви на „Епл“ беа за кратко поголеми од тие на Американската влада.
На 24 август 2011, Џобс даде оставка на позицијата извршен директор на „Епл“. Тој беше заменет од страна на Тим Кук и Џобс стана претседател на „Епл“. Пред ова „Епл“ немаше претседател но имаше двајца директори, Андреа Јанг и Артур Д. Левинстон, коишто ги задржаа своите титули сè додека Левинстон не стана претседател на одборот во ноември.
На 4 октомври 2011, „Епл“ го најави iPhone 4S, којшто вклучување подобрена камера со 1080p видео снимање, двојадрен А5 обработувач способен за седум пати побрза графика од А4, „интелегентен софтверски асистент“ наречен Siri, и информации добиени од интернет со iCloud. Следниот ден, на 5 октомври 2011, „Епл“ изјави дека Џобс почина, обележуваќи крај на една ера за „Епл“ iPhone 4S беше официјално пуштен во продажба на 14 октомври 2011.
На 29 октомври 2011, „Епл“ ја купи C3 Technologies, компанија за мапирање, за $240 милиони, која што е трета компанија за мапирање која што е купена од страна на „Епл“.
На 10 јануари 2012, „Епл“ плати $500 милиони за да ја купи Anobit, Израелска компанија за хардвер која развива и обезбедува комерцијална технологија за обработка на мемориски сигнал кој ги подобрува перформансите на флеш меморијата користена во iPhone и iPad.
На 19 јануари 2012, Фил Шилер од „Епл“ ги претстави iBooks учебниците за iOS и iBook Author за Mac OS X во Њујорк, што беше првото големо најавување од страна на „Епл“ после смртта на Стив Џобс, којшто изјави во неговата биографија дека сакал да го реизмисли учебникот и едукацијата.
Третата генерација на iPad беше најавена на 7 март 2012. Тој вклучува Retina дисплеј, нов обработувач, пет мегапикселна камера и 1080p снимање.
На 24 јули 2012, за време на конференциски повик со инвеститорите, Тим Кук изјави дека ја сака Индија но дека Apple Inc. ќе очекува поголеми шанси надвор од Индија, повикуваќи се на причината за 30% сорсирање од Индија.
На 20 август 2012, дигањето на акциите на „Епл“ ја издигнаа вредноста на компанијата на рекордни $624. Ова го поништи записот за неинфлацирно подесување за пазарна капитализација поставен од страна на Microsoft во 1999. На 24 август 2012, Американски судија досуди дека Samsung треба да му плати на „Епл“ $1.05 милијарди долари како оштета на интелектуален посед.Samsung рече дека ќе ја обжали пресудата.
На 12 септември 2012, „Епл“ го претстави iPhone 5, којшто има зголемен екран, појаки обработувачи и работи на iOS 6. Вклучува во него и нова апликација за мапирање (заменуваќи го Google Maps) што предизвика остри критики. Стана достапен на 21 септември 2012 и стана најголемото претставување на Apple, со повеќе од 2 милиони пред нарачки со што се уназади времето за испорака до крајот на октомври.
На 23 октомври 2012, „Епл“ го откри новиот iPad Mini, којшто има 7.9 инчен екран во споредба со 9.7 инчниот екран на iPad. Apple Inc., исто така ја претстави новата трета генерација на 13-инчниот MacBook Pro со Retina екран, iPad 4 којшто го вклучува новиот Lightning dock конектор и новите iMac и Mac Mini компјутери. После најавувањето на iPad Mini и четвртата генерација на iPad на 3 ноември 2012, „Епл“ изјави дека продале 3 милиони парчиња iPad за три дена од неговото претставување, но не ги спомнуваат продажните броеви на специфични iPad модели.
На 10 ноември 2012, „Епл“ потврдува глобална спогодба со којашто ќе се отфрлат сите тужби помеѓу Apple Inc. и HTC до тој датум во полза на десетгодишен договор за размена на моментални и идни лиценци и патенти помеѓу двете компании. Се предвидуваше дека „Епл“ ќе заработи $280 милиони годишно од оваа зделка со HTC.
Во декември 2012, во ТВ интервју за NBC‏‎ кое беше исто така пуштено на Today morning show, извршниот директор на Apple Inc. Тим Кук изјави дека во 2013 компанијата ќе произведе една од постоечките линии на Mac компјутери во Америка. Во јануари 2013, Кук изјави дека очекува Кина да ја надмине Америка како пазар за Apple Inc. производи.
Во март 2013, „Епл“ најавува патент за систем за променета реалност (AR) кој може да идентифицира објекти во видео проток и да претстави информација која е во сооднос на тие објекти низ компјутерски генериран информациски слој којшто е нанесен врз вистинската слика.
Во 2014 година, „Епл“ ја презел фирмата „Битс електроникс“ (Beats Electronics) по цена од 3,2 милијарди долари, што претставувало најголемо преземање во историјата на „Епл“.[4]
Во 2019 година, „Епл“ го откупил производството на модеми од „Интел“ за што плати милијарда долари. Врз основа на договорот, „Епл“ се обрзал да ги презеде сите 2 200 вработени во единицата за производство на модеми, заедно со опремата и патентите на „Интел“ во оваа област.[4]

Производи

Мекинтош (Mac)

  • MacBook Air: Претставува ултра тенок, ултра - пренослив лаптоп, произведен во 2008 година.
  • MacBook Pro: Професионален лаптоп, воведен во 2006 година.
  • Mac Mini:
  • iMac:
  • Mac Pro:

Apple продава на различни компјутерски додатоци за шшMacsѓѓ, вклучувајќи Magic Mouse, Magic Trackpad, Wireless Keyboard, Battery Charger, the AirPort wireless networking products, and Time Capsule.

Ајпад (iPad)

На 27 јануари 2010, Apple го претстави нивниот долго очекувам медиа таблет iPad, којшто имаше изменета верзија на iOS. Тој нуди мулти –допир интеракција со мултимедијален формат вклучувајќи весници, списанија, е-книги, учебници, слики, филмови, видеа од ТВ-шоу, музика, обработка на документи, табеларни пресметки, видео игри и веќе постоечките iPhone апликации. Тој истго така вклучуваше мобилна верзија на Safari за пребарување, а исто така и пристап до App Store,библиотеката iTunes, iBookstore, контакти и бележник. Содржината може да се симнува преку Wi-Fi и опционална 3G услуга или синхронизиран преку корисничкиот компјутер. На почетокот AT&T беше услужник на 3G безжичен пристап за iPad само за САД.
На 2 март 2011, Apple го претстави iPad 2, кој имаше побрз обработувач и камера напред и назад. Тој исто така додаде поддршка за опцинална 3G услуга обезбедена од Verizon како дополнение на постоечкиот понуден од AT&T. Како и да е, достапноста на iPad 2 беше ограничена како резултат на разурнувачкиот земјотрес и цунамито кое следеше во Јапонија во март 2011.
На 7 март 2012, Apple ја претстави третата генерацијана iPad, продаван како "the new iPad"(новиот iPad). Тој имаше додадено LTE услуга од AT&T или Verizon, надграден A5X обработувач, и Retina дисплеј. (2048 by 1536 резолуција), оригинално имплементирана на iPhone 4 и iPhone 4S. Димензиите и формата останаа релативно непроменети, со новиот iPad кој бил за малку подебел и потежок од претходната верзија и мали позициони промени.
На 23 октомври 2012, излезе четвртата генерација на iPad од Apple,продавана како "iPad with Retina display"( iPad со Ретина дисплеј). Тој го имаше додадена надградениот A6X процеоср и го замени традиционалниот 30-pin док конектор со сите дигитални светлечки конектори. iPad mini беше исто така претставен со намален 7.9-инчен дисплеј и одлики скоро слични со внатрешните спецификации на iPad 2. Од неговото пуштање корисниците на, iPad симнале три билиони апликации, додека вкупниот број на симнувања од App Store е над 25 билиони.

Во 2012 iPod Shuffle, iPod Nano, iPod Classic, и iPod Touch.

Ајпод (iPod)

На 23 октомври 2001 година, Apple го претстави iPod дигитален музички изведувач. Неколку ажурирани модели оттогаш беа воведени, како и iPod. iPod сега е водач на пазарот во преносливи музички изведувачи со повеќе од 350 милиони единици испратени од септември 2012 година. Apple соработува со Најк да им понуди на Најк + iPod Спорт комплет, овозможувајќи им на тркачите да ги синхронизираат и да ги следат своите работи со iTunes и на + Најк мрежно место. Apple во моментов продава четири варијанти на iPod:

Ајфон (iPhone)

Екранот на IPhone е највпечатлива одлика, и е главниот и единствен метод за користење на IPhone.

На Macworld Conference & Expo во јануари 2007, Стив Џобс го претстави долго очекуваниот iPhone, конвергенција на паметен телефон со интернет и iPod. Оригиналниот iPhone беше пуштен во продажба на 29 јуни 2007 за 499 долари (4 GB) и 599 долари (8 GB) со AT&T договор.На 5 февруари 2008 тој беше преработен да има 16 GB меморија како дополнување на моделите од 8 GB и 4 GB. Тој ги комбинираше 2.5G quad band GSM и EDGE мобилниот телефон со одлики кои се наоѓаат во мобилните уреди водејќи ги потанките верзии на Apple's Mac OS X (наречен iPhone OS, подоцна преименуван во iOS), со разни Mac OS X апликации како Safari и Mail. Тоа исто така вклучува веб заснована и Dashboard(табла) апликации како Google Maps(Гугл Мапи) и Weather(Време). iPhone имаше 3.5 инчен (89 mm) дисплеј на допир, Bluetooth, и Wi-Fi (двете "b" и "g").
На Конференцијата за Инвеститори во Светот (Worldwide Developers Conference) (WWDC) на 9 јуни 2008 Apple го објави iPhone 3G. Тој беше пуштен во продажба на 11 јули 2008 со намалена цена од 199 долари за верзијата од 8 GB и 299 долари за верзијата од 16 GB. Оваа верзија додаде поддршка за 3G мрежата и асистирана GPS навигација. Рамната сребрена површина и големата квадратна антена од оригиналниот модел беа елиминирани со крива светкава црна или бела позадина. Следејќи ги жалбите на муштериите, претходниот џек за слушалки беше заменет со џек на исто ниво за компатибилност со повеќе видови на слушалки. Софтверските можности беа подобрени со пуштањето на App Store, обезбедувајќи апликации за симнување кои беа компатибилни со iPhone. На 24 април 2009 App Store премина еден билион симнувања. На WWDC на 8 јуни 2009, Apple го објави iPhone 3GS. Тој даде зголемено осовременување на уредот вклучувајќи побрзи внатрешни компоненти, поддршка за побрз 3G, можност за снимање на видео и контрола на гласот.
На WWDC на 7 јуни 2010, 2010, Apple го објави iPhone 4, којшто компанијата го опишува како “најголемиот скок којшто сме го направиле” од оригиналниот модел. Тој имал целосно нов дизајн 960x640 дсиплеј, Apple A4 обработувач кој исто така се користел и во iPad, жироскоп (gyroscope) за подобро играње игри, 5MP камера со LED флеш, предна VGA камера и FaceTime видео повик. Кратко после неговото пуштање, кај муштериите беа откриени проблеми со приемот, како резултат на не’рѓосувачкиот челичен завој околу работ на уредот кој исто така служеше како мобилен сигнал и Wi-Fi антена. Проблемот беше корегиран со Bumper Case дистрибуиран од Apple бесплатно на сите сопственици во рок од неколку месеци. Во јуни 2011, Apple ја престигна Нокиа и стана најголем производител на паметни телефони по обем.
На 4 октомври 2011, Apple го претстави iPhone 4S, кој беше пуштен во продажба во САД, Канада, Австралија, Обединетото Кралство, Франција, Германија и Јапонија на 14 октомври 2011 а следеше и во други држави подоцна таа година. Тој имаше обработувач од Apple A5 и е првиот модел понуден од Sprint (здружувајќи ги AT&T и Verizon Wireless како што носителите во САД ги нудеа моделите на iPhone). На 19 октомври 2011, Apple објави договор со C Spire Wireless за да го продава iPhone 4S во блиска иднина, обележувајќи за првпат iPhone-от да биде официјално поддржан на регионалната мрежа. Друга забележителна одлика на iPhone 4S беше Siri асистирана гласовна технологија, коај Apple ја доби во 2010, како и други одлики, вклучувајќи ги осовременетите 8MP камера со нова оптика. Apple продаде 4 милиони iPhone 4S телефони во првите три денови правејќи го најуспешното пуштање во продажба на било кој мобилен телефон досега.
На 12 септември 2012, Apple ја претстави шестата генерација на iPhone, iPhone 5. Тој додаде 4-инчен дисплеј, 4G LTE врска и надградениот Apple A6 чип, помеѓу неколкуте други подобрувања.Два милиони iPhone-и беа продадени во првите 24 часа од пред продажба и над 5 милиони мобилни телефони во првите три дена од неговото пуштање.

Ејпл ТВ (Apple TV )

Сегашната генерација на Apple TV.

На Macworld конференцијата која се одржа во 2007 година, Џобс го претстави Apple TV, претходно познат како iTV), - врвен видео уред наменет да ја поврзи продажбата на содржини од iTunes со телевизори со висока дефиниција. Уредот се поврзува со телевизорот на корисникот и се сихронизира, или преку Wi-Fi или жична мрежа, со iTunes библиотеката на еден компјутер и врши пренос од дополнителни четири. На почетокот Apple TV имаше вграден тврд диск со капацитет од 40 GB, беше вклучен и HDMI излез и компонентен излез, а максималната видео резолуција е 720 пиксели.
На 31 мај 2007 година беше пуштен во продажба тврд диск со капацитет од 160 GB заедно со постоечкиот модел со тврд диск со капацитет од 40 GB, и на 15 јануари 2008 надградена верзија на софтверот беше пуштна во продажба што овозможи содржините да се купат директно од Apple TV. Во септември 2009 година, Apple Inc. го прекина производството на првичниот Apple TV со тврд диск со капацитет од 40 GB и сега продолжува со производство и продажба на Apple TV со тврд диск со капацитет од 160 GB.
На 1 септември 2010 година, паралелно со пуштањето во продажба на новата серија на iPod уреди, Apple Inc. лансира целосно редизајниран Apple TV. Новиот уред е една четвртина од првичниот, потивок е, и ја заменува потребата од тврд диск медиа стриминг од било која iTunes библиотека од мрежата заедно со флеш меморија од 8GB на даунлодиран кеш аудио и видео запис. Apple Inc. покрај iPad и iPhone, со Apple TV го збогати своето портфолио со уште еден уред кој работи со А4 обработувач. Уредот има меморија од 256 MB, односно тоа е една половина од меморијата на iPhone 4; исто како и iPad, iPhone 3GS, iPod touch 3G, и iPod touch 4G. Има HDMI излез, единствен видео излез. Има пристап до iTunes продавницата за изнајмување филмови и телевизиски програми (повеќе не може да се купат), стриминг од интернет видео извори како што се YouTube и Netflix, и медиа стриминг од iTunes библиотеката. Apple Inc. исто така ја намали цената на уредот на 99$. Третата генерација на уредот беше претставена на еден настан организиран од страна на Apple Inc. на 7 март 2012 година, со нови одлики како што се повисока резолуција (1080 пиксели) и нов кориснички интерфејс.

Софтвер (Software)

Apple Inc. разви сопствен оперативен систем што работи на Macs, OS X, последната верзија е OS X Mountain Lion (верзија 10.. Apple Inc. исто така независно развива компјутерски софтверски наслови за сопствениот OS X оперативен систем. Голем дел од апликациите од софтверот што Apple Inc. ги развива доаѓаат во пакет со копјутерите што Apple Inc. ги произведува. Како пример може да послужи потрошувачки ориентираниот iLife софтверски пакет кој содржи сет од три апликации iPhoto, iMovie и GarageBand. За презентација, изглед на страница, обработка на текст, достапен e iWork, што вклучува Keynote, Страни и Броеви. iTunes, Quick Time мултимедијален изведувач, Safari интернет пребарувач, и софтверски апдејт се достапни за бесплатно даунлодирање од MAC OS X и од Windows.
Apple Inc. исто така нуди широк асортиман на софтверски наслови. Нивниот асортиман на опслужувач софтвер вклучува оперативен систем OS X Server, Apple Remote Desktop, апликација за далечинско управување на системите, и Xsan, Storage Area Network датотечен систем. За професионалниот креативен пазар постои Aperture за професионална RAW-format обработка на слика; Final Cut Pro, апликација за видео продукција; Logic Pro сеопфатна алатка за музика, и Motion, програма за создавање напредни ефекти.
Apple Inc. исто така нуди онлајн услуги со iCloud, што овозможува складирање и синхронизирање за широк асортиман на податоци, вклучувајќи email, контакти, календари, слики и документи. Исто така овозможува бекап за IOS, и има можност директно да интегрира апликации од трет уред за уште поголема функционалност. iCloud е четврта генерација на онлајн услуги кои ги нуди Apple Inc., чии претходници се MobilMe, Mac и iTools, и сите наидоа на различен степен на успех.

Корпоративен идентитет

Лого

Apple Computer лого од 1976 до 1998 година
Првото лого на Apple Inc. - 1976 година
Црното лого на компанијата од 1998 сè до денес

Според Стив Џобс, Apple го доби токму тоа име поради тоа што Џобс се враќал од некоја фарма за јаболка, и бил на овошна диета. Тој сметал дека името е „забавно, енергично, и не е непријатно“. Првото лого на Apple Inc., дизајнирано од Рон Вејн, е слика на Исак Њутн како седи под легендарната јаболкница. Набрзо ова лого били заменето од дизајнерот Роб Јаноф со „јаболково виножито“, сега веќе добро познатата силуета на каснато јаболко со бои од виножито. Јаноф му презентирал на Џобс неколку различни еднобојни теми за „каснатото“ лого, и на Џобс тоа веднаш му се бендисало. На Џобс му се бендисало логото, но тој инсистирал да биде во боја која ќе ја хуманизира компанијата. Логото било дизајнирано со загризано јаболко за да не се помеша со цреша. Обоените риги биле наменети да го направат логото подостапно, а не да го репрезентираат фактот дека Apple II ќе може да прикажува графика во боја. Ова лого многу често погрешно се смета дека е во чест на Ален Туринг, со тоа што каснатото јаболко укажува на неговиот метод на самоубиство. И Јаноф и Apple негираат какво било оддавање почит кон Туринг во дизајнот на логото.
Во 1998, со претставувањето на новиот iMac, Apple Inc. прекина со употреба на виножитната тема и започна со употреба на монохроматска тема, скоро идентична во форма на претходното олицетворение на виножито, на различни пакети, производи, и реклами. Aqua верзија на монохромското лого се користеше од 2001-2003, и Glass верзија се користи од 2003 година.
Стив Џобс и Стив Вознијак биле обожаватели на Битлси, но Apple Inc. имал проблеми со заштитното лого со Apple Corps Ltd., мултимедијална компанија заснована од Битлси во 1967 година, вклучувајќи го нивното име и лого. Ова резултираше со серија на судски процеси и тензија помеѓу двете компании. Овие проблеми завршија со разрешувањето на нивната скорешна тужба во 2007 година.

Маркетинг

Првиот слоган на Apple, „Залак во јаболко“ беше осмислен во доцните седумдесетти години од дваесеттиот век. Од 1997-2002 слоганот „Размислувај Поинаку“ се користеше во рекламни кампањи, и сè уште се поврзува со Apple. Apple исто така користи слогани за посебни производни линии – на пример, (“iThink, therefore iMac”) „Јас размислувам, поради тоа јас купувам Мекинтош компјутери“ се користеше во 1998 за да ги промовира Мекинтош компјутерите и (“Say hello to iPhone”) „Поздрави го iPhone-от“ се користеше во рекламите за iPhone. „Здраво“ (“Hello”) исто така се користеше за да го претстави првичниот Macintosh, Newton, iMac („здраво (повторно)“), и iPod.
Уште од претставувањето на Macintosh во 1984 година со Super Bowl рекламата во 1984 година сè до модерните “Get a Mac” реклами, Apple Inc. е признат во минатото по своите напори за успешни реклами и маркетинг за своите производи, иако нивниот маркетинг беше критикуван за тврдењата од неколку подоцнежни кампањи, особено Power Mac рекламата и iPhone рекламата во 2005 година во Бразил.
Рекламите за производите на Apple inc. стекнаа слава со промовирањето на музичарите во светот на славата како резултат на нивните графики кои го ловат окото и привлечни мелодии. Прво, компанијата во својата рекламна кампања ја популаризира песната „1234“ на канадската пејачка Феист.
Подоцна Apple Inc. ја употреби песната “New Soul” на француско-израелскиот пејач-композитор Јаел Наим за промоција на MacBook Air. Деби синглот се искачи на врвот на списокот на синглови и се продадоја сотици илјадници копии во рок од неколку недели.

Лојалност на брендот

Лојалноста на брендот 'Apple се смета за невообичаена за било кој производ. Еден период, евангелистите на Apple Inc. беа активно вклучени од компанијата, но ова беше откако феноменот веќе беше заснован. Гај Кавасаки, евангелист на Apple, занесеноста по брандот ја нарече „нешто на кое што случајно ќе налеташ“. Како и да е, Apple го поддржи постоењето на групите на косрисници на Mac во повеќето големи и многу мали населени места каде Mac компјутерите се достапни. Косрисниците на Mac се среќаваа на европскиот саем за Apple и на Macworld конференцијата и саем во Сан Франциско каде Apple традиционално им ги претставуваше новите производи секоја година на индустријата и на јавноста, сè додека Apple се повелче од двата настани. Додека конференцијата и понатаму продолжува да се одржува, Apple нема официјани претставници таму. Развивачите на Mac, за возврат, и понатаму продолжуваат да се собираат на годишната конференција за развивачи на Apple од целиот свет.
Отворањето на продавници на Apple може де привлече илјадници луѓе, со тоа што има луѓе кои чекаат на ред цел ден пред отворањето или доаѓаат со авион од други држави за настанот. Пред “Cube” продавницата која се наоѓа на познатата њујоршка Петта авенија имаше редица од луѓе долга половина милја. Неколку обожаватели на Mac ја искористија можноста дури и да предложат брак. Отворањето на Гинза во Токио беше проследено од редица на луѓе кои зафаќаа површина од осум градски блока. Џон Скули за весникот Гардиан во 1997 изјави: „Луѓето дискутираат за технологија, но Apple беше маркетинг компанија. Тоа беше маркетинг компанија на деценијата.“ Истражувањата на NetRatings во 2002 укажуваат дека просечниот корисник на Apple вообичаено е побогат и поедуциран во споредба со корисниците на другите компјутерски компании.

Финансиски показатели

На 6 јуни 2014 година, цената на акцијата на „Епл“ изнесувала 645 долари, а веќе следниот понеделник таа паднала на 92 долара, како последица на поделбата на акциите во размер 7:1. Претходно, уште во три наврати „Епл“ извршил поделба на акциите во оснос 2:1, и тоа во 1987, 2000 и 2005 година.[5] На 2 август 2018 година, акциите на „Епл“ ја достигнале пазарната цена од 207,05 долари, со што оваа фирма станала првата во историјата чија пазарна капитализација надминала илјада милијарди долари.[6] Само две години подоцна, цената на акциите на Епл достигнала 468 долари со што пазарната капитализација го надминала прагот од две илјади милијарди долари.[7]

Поврзано

Надворешни врски

Наводи

  1. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име AppleConf.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „2010 Apple Form 10-K“. Архивирано од изворникот на 2013-06-24. Посетено на October 7, 2011.
  3. „2011 Apple Form 10-K“. September 24, 2011. Посетено на October 26, 2011.
  4. 4,0 4,1 Мирослав Саздовски, „Епл го презеде производството на модеми од Интел за една милијарда долари“, Економија и бизнис, година 21, број 253, септември 2019, стр. 90.
  5. Александар Матески, „Да, за поделба на акцијата“, Економија и бизнис, година 18, број 225, март 2017, стр. 54-57.
  6. Мирослав Саздовски, Епл стана првата компанија вредна илјада милијарди долари, Економија и бизнис, година 20, број 242, септември 2018, стр. 80.
  7. Мирослав Саздовски, Епл за две години ја дуплираше вредноста на компанијата која сега надмина две илјади милијарди долари, Економија и бизнис, година 22, број 265, септември 2020, стр. 95.

Литература

Извори