FAIR and interactive data graphics from a scientific knowledge graph
Содржина
< XII век | XIII век | XIV век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
Грегоријански календар | 1231 MCCXXXI |
Ab urbe condita | 1984 |
Ерменски календар | 680 ԹՎ ՈՁ |
Асирски календар | 5981 |
Балиски календар | 1152–1153 |
Бенгалски календар | 638 |
Берберски календар | 2181 |
Будистички календар | 1775 |
Бурмански календар | 593 |
Византиски календар | 6739–6740 |
Кинески календар | 庚寅年 (мет. тигар) 3927 или 3867 — до — 辛卯年 (мет. зајак) 3928 или 3868 |
Коптски календар | 947–948 |
Етиопски календар | 1223–1224 |
Еврејски календар | 4991–4992 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 1287–1288 |
- Сачка ера | 1152–1153 |
- Кали-југа | 4331–4332 |
Холоценски календар | 11231 |
Игбоански календар | 231–232 |
Ирански календар | 609–610 |
Исламски календар | 628–629 |
Јапонски календар | Канги 3 (寛喜3年) |
Јавански календар | 1140–1141 |
Јулијански календар | 1231 MCCXXXI |
Корејски календар | 3564 |
Мингуо-календар | 681 пред Р. Кина 民前681年 |
Нанакшахи | −237 |
Тајландски сончев календар | 1773–1774 |
Тибетски календар | 阳金虎年 (машко железо-тигар) 1357 или 976 или 204 — до — 阴金兔年 (женско железо-зајак) 1358 или 977 или 205 |
1231 (MCCXXXI) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1231 година од новата ера, 231. од вториот милениум, 31. од XIII век и втора од 1230-тите.
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6739 и 6740 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5981 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 4991 и 4992 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1984.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1231 година се протега во 3867 и 3868, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3927 и 3928 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1774. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 628 и 629 исламска година.
Настани
Азија
- 9 април - Жолтеникави облаци и прашина го задушуваат воздухот околу Хангџоу, Кина, што го замаглува небото и сонцето, а пожарот се распространува на југоисток од градот, кој продолжува да се шири и следниот ден. Борбата против пламенот оди тешко поради ограничената видливост. Кога пожарите биле изгасени, откриено е дека целата област од околу 10.000 куќи во југоисточниот дел на градот биле целосно уништени.
- Монголските војници ја преминале реката Јалу во Кореја.
- Освоен е градот Согут од страна на Ертугрул, татко на Осман I.
Европа
- Италија: Фридрих II ги издава т.н. Конституции од Мелфи, колекција на закони за Кралство Сицилија, како и указот од Салерно, кој го регулира користењето на медицината и одделувањето на професиите лекар и аптекар[1].
- Ливелин Велики започнува поход против норманските господари во Велс.
- Шпанија: Кралство Кастиља го освојува градот Кесада[2]
- За првпат се споменува градот Бад Либенверда.
- Ричард, првиот ерл од Корнвол се жени со Изабела Маршал.
Родени
- Џон де Варен, шести ерл од Сари (п. 1304)
- Роџер Мортимер,Прв барон од Вигмор (п.1282)
Починале
- 6 април - Вилијам Маршал, втор ерл од Пембрук
- 13 јуни - Свети Антун Падовански, португалски светец (р. 1195)
- 28 август - Елеонора Португалска (р. 1211)
- 17 ноември - Света Елизабета Унгарска, унгарска принцеза и светец (р. 1207)
- Абд ел-Латиф ибн Јусуф ел-Багдади, арапски лекар и патник
- Џелал ад-Дин Менгуберди
Наводи
- ↑ Rashdall, Hastings (1895). The Universities of Europe in the Middle Ages. Clarendon Press. стр. 85. Посетено на 20 November 2016.
- ↑ Peter Linehan (1999). David Abulafia (уред.). The New Cambridge Medieval History c.1198-c.1300. Chapter 21: Castile, Portugal and Navarre. Cambridge: Cambridge University Press. стр. 668–673. ISBN 0-521-36289-X.