FAIR and interactive data graphics from a scientific knowledge graph
Содржина
Фетбој Слим | |
---|---|
Фетбој Слим во 2006 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Квентин Лео Кук |
Познат(а) и како |
|
Роден(а) | 31 јули 1963 Бромли, Кент, Англија |
Жанрови | |
Занимања |
|
Период на активност | 1979–денес |
Издавачи |
Норман Квентин Кук[1] (англ. Norman Quentin Cook; роден Квентин Лео Кук (англ. Quentin Leo Cook); 31 јули 1963 година),[2] познат како Фетбој Слим (англ. Fatboy Slim) ― англиски музичар, диџеј и музички продуцент [3] кој во 1990-тите помогнал да се популаризира биг-бит жанрот.
Во 2008 година било објавено дека Кук го држи Гинисовиот рекорд за најмногу топ-40 хитови под различни имиња.[4] Како соло-изведувач добил: Греми награда, девет МТВ музички видеонагради и две Британски музички награди, а во 2024 година бил номиниран за наградата Тони за најдобра оригинална музика.
Живот и кариера
Кук е роден на 31 јули 1963 година во Бромли. Детството го поминал во Рејгејт во Сари и се школувал во Граматичкото училиште, каде што земал часови по виолина заедно со идниот премиер на Обединетото Кралство, Кир Стармер.[5]
Музичката кариера Норман Кук ја започнал во 1985 година како басист во британската рок-група The Housemartins, која станала позната со синглот „Caravan of Love“.[6] Групата се распаднала во 1988 година, по што Кук почнал да се занимава со диџејство и со музичка продукција.
Првиот соло-хит го имал во 1989 година со песната „Blame It on the Bassline“. Стигнала до 29-то место на британската топ-листа за синглови.[7]
Кук го усвоил псевдонимот Фетбој Слим во 1996 година. Првиот соло-албум под ова име, „Better Living Through Chemistry“ (1996), бил добро прифатен од публиката, најмногу благодарение на хитот „Everybody Needs a 303“. Сепак, поголем успех забележал со албумот „You've Come a Long Way, Baby“ (1998), кој ги содржел популарните синглови: „The Rockafeller Skank“, „Praise You“ и „Right Here, Right Now“. Овие песни на Фетбој Слим му донеле светската слава и помогнале да се обликува звукот на електронската музика во доцните 90-ти.
„Praise You“ била прва негова песна која се искачила на прво место на топ-листата за синглови во Велика Британија. Спотот за песната, во режија на Спајк Џоунз, освоила многу награди.[8] На 9 септември 1999 година, тој ја извел песната „Praise You“ на доделувањето на MTV Video Music Awards во 1999 година во Њујорк и освоил три награди, вклучувајќи ја и наградата за пробивно видео.[9]
Во 2000 година, Фетбој Слим го објавил албумот „Halfway Between the Gutter and the Stars“, кој ги содржел хитовите „Sunset (Bird of Prey)“ и „Weapon of Choice“, со вокали од Кристофер Вокен. На доделувањето на музичките видеонагради на MTV во Њујорк во 2001 година, Фетбој Слим освоил шест награди за „Weapon of Choice“, најмногу награди на церемонијата.[10][11]
Во текот на 2000-тите, Фетбој Слим станал еден од најбараните диџеи во светот и настапил на многу музички фестивали, клупски и големи јавни настани, каков што бил легендарниот настап на плажата во Брајтон пред повеќе од 250 000 публика во 2002 година.[12]
Покрај соло-кариерата, Фетбој Слим работел и на неколку странични проекти. Еден од најпознатите бил Brighton Port Authority (BPA), колектив кој комбинирал различни музички жанрови, како: електроника, фанк и рок. Еден од најпознатите синглови од BPA бил „Toe Jam“, во соработка со Дејвид Берн од Talking Heads и Дизи Раскал.
Во втората и третата декада од 21 век, Фетбој Слим продолжил со настапи и соработка со различни музичари. Иако не објавувал албуми со исто темпо како во 90-тите, тој останал активен на музичката сцена со редовни диџеј-настапи на фестивали како: Glastonbury,[13] Ultra Music Festival и Tomorrowland.
Личен живот
Кук се оженил со ТВ-водителката Зои Бол во 1999 година. Во јануари 2003 година, двојката се разделила,[14] но три месеци подоцна се смириле.[15][16] Нивната ќерка Нели Меј Лоис премиерно настапила како диџеј под името Fat Girl Slim за време на пандемијата КОВИД-19 за да собере пари за фондации за борба против рак.[17] Живееле во Хоув.[18][19][20] На 24 септември 2016 година, Кук и Бол објавиле дека се разделуваат по 18 години.[21]
Кук, откако се пресели во Брајтон кон крајот на 1980-тите, е навивач на Брајтон и Хоув Албион.[22]
Дискографија
Студиски албуми
- Better Living Through Chemistry (1996)
- You've Come a Long Way, Baby (1998)
- Halfway Between the Gutter and the Stars (2000)
- Palookaville (2004)
Наводи
- ↑ „Changes of Name“. The London Gazette (56625). London: UK Government. 8 July 2002. стр. 8166.
- ↑ „Happy Birthday to Fatboy Slim!“. Hot Press. 16 July 2017. Посетено на 4 March 2019.
- ↑ „Fatboy Slim | Music Videos, Songs, News, Photos, and Lyrics“. MTV. 16 July 1963. Архивирано од изворникот на 6 February 2006. Посетено на 12 September 2011.
- ↑ Michaels, Sean (15 May 2008). „Fatboy Slim is no more“. The Guardian. Посетено на 19 July 2018.
- ↑ Maguire, Patrick (31 March 2020). „Keir Starmer: The sensible radical“. New Statesman. Посетено на 3 July 2020.
- ↑ „HOUSEMARTINS“. Official Charts Company. Посетено на 25 December 2013.
- ↑ „WON'T TALK ABOUT IT/BLAME IT ON THE BASSLINE“. Official Charts (англиски). 1989-07-08. Посетено на 2024-07-24.
- ↑ „Norman Cook's long way to stardom“. BBC News. 7 September 2001. Посетено на 20 May 2010.
- ↑ „1999 MTV Video Music Awards“. Rockonthenet.com. Посетено на 22 September 2014.
- ↑ „2001 MTV Video Music Awards“. MTV. Архивирано од изворникот на 30 May 2012. Посетено на 22 September 2014.
- ↑ „2001 MTV VMAs“. Rockonthenet.com. Посетено на 22 September 2014.
- ↑ Gladwin, Anna; Graves, Kieran (2022-07-22). „Fatboy Slim's 'apocalyptic' Brighton beach gig in 2002 - by those who were there“. Sussex Live (англиски). Посетено на 2024-10-12.
- ↑ „burn #residency - Masterclass: Fatboy Slim“. 22 August 2013 – преку www.youtube.com.
- ↑ „Zoe Ball and Fatboy Slim 'to split'“. BBC News. 18 January 2003. Посетено на 20 May 2010.
- ↑ Johnson, Alan (2023-07-16). „Inside Fatboy Slim's life - bankruptcy, Zoe Ball split, bisexual son and rehab“. Daily Star (англиски). Посетено на 2024-06-08.
- ↑ GoodtoKnow (2016-09-26). „Zoe Ball and Norman Cook split after 18 years“. GoodTo (англиски). Посетено на 2024-06-08.
- ↑ „FATGIRL SLIM – World premiere DJ set by Nelly Cook (with a little help from dad Fatboy Slim.....)“. YouTube. Camp Bestival. 11 April 2020. Архивирано од изворникот на 2022-10-17. Посетено на 24 March 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Fancy living next door to Fatboy Slim? You'll want to put an offer in right here, right now“. May 2019.
- ↑ Petridis, Alexis (4 September 2010). „How the Fatboy grew up“. The Guardian. London. Посетено на 21 April 2010.
- ↑ „Zoe Ball launches subscription YouTube channel“. The Argus. 20 July 2014. Посетено на 20 July 2014.
- ↑ „TV's Zoe Ball and DJ Norman Cook announce separation“. BBC News. 24 September 2016.
- ↑ Jennifer Drury (2008). „Work begins on new stadium“. My Brighton and Hove Albion FC.
Надворешни врски
- Матична страница
- Фетбој Слим — AllMusic (англиски)
- Fatboy Slim discography at Discogs
- Фетбој Слим на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
|