FAIR and interactive data graphics from a scientific knowledge graph
Содржина
Кинески јуан | |
---|---|
人民币 | |
Банкнота од серијата од 2005 г. | |
ISO 4217 | |
Код | CNY |
Број | 156 |
Показател | 2 |
Составници | |
Подединица | |
1 | јуан (元,圆) |
1⁄10 | ѓао (角) |
1⁄100 | фен (分) |
Множина | Јазикот на кој припаѓа единицата нема граматички број. |
Симбол | ¥ |
Прекар | Дедо Мао |
јуан (元,圆) | куај (块) |
ѓао (角) | мао (毛) |
Банкноти | |
Чести | ¥0,1, ¥0,5, ¥1, ¥5, ¥10, ¥20, ¥50, ¥100 |
Ретки | ¥0,2, ¥2 |
Монети | |
Чести | ¥0,1, ¥0,5, ¥1 |
Ретки | ¥0,01, ¥0,02, ¥0,05 |
Демографија | |
Офиц. корисници | Кина Зимбабве[1][2] |
Неофиц. корисник/ци | Монголија[3] Северна Кореја[3] Мјанмар (во Коканг , Ва и Мандалај) Виетнам (погранично подрачје) САД (резервна валута) |
Издавач | |
Централна банка | Народна банка на Кина |
Мреж. место | pbc.gov.cn |
Вредност | |
Инфлација | 1,4%, јули 2016 |
Извор | '[1]' |
Начин | ИПЦ |
Врзан со | делумно, со кошница меѓународни валути натежнати кон трговија |
Кинески јуан или женминби (кинески: 人民币, пинјин: ⓘ; симб. 元, ¥; ISO 4217: CNY) — официјална валута во Кина (без Хонгконг и Макао). Симболот за јуанот е ¥, а го издава Народната банка на Кина. Во јули 2016 г. инфлацијата изнесувала 1,4%.
Називот женминби на кинески значи „народна валута“. Основна единица на женминби (со кратенка RMB) е јуанот (圆 или 元, правилно: „јуен“), и многу често и самата валута се поистоветува со јуанот. Еден јуан содржи 10 ѓаоа, кои пак се делат на 10 фени.
Историјат
Првата серија банкноти на женминби била издадена во декември 1948 година. Биле печатени само банкноти и тие ги замениле разните валути во оптек на подрачјата под контрола на комунистите.
Во првата серија биле издадени дури 62 различни дизајни на банкнотите, а сите биле повлечени во 1955 година, откако била издадена втората серија на кинескиот јуан (женминби). До сега се издадени 5 серии на јуанот, а последната била претставена во 1999 година.
Во текот на својата историја, курсната вредност главно била врзувана за американскиот долар. Во периодот на централно планирање, вредноста на валутата била преценета, додека денешната курсна вредност е далеку под реалната вредност. Флексибилноста на курсот е ограничена со вредностите што ги поставила Владата на НР Кина.
Во оптек се банкноти во вредност од 0,1, 0,2, 0,5, 1, 2, 5, 10, 20, 50 и 100, како и монети од 0,01, 0,02, 0,05, 0,1, 0,5 и 1.
Наводи
- ↑ Hungwe, Brian. „Zimbabwe's multi-currency confusion“. BBC. Посетено на 2014-07-22.
- ↑ „Zimbabwe to make Chinese yuan legal currency after Beijing cancels debts“. The Guardian. 2015-12-21. Посетено на 2015-12-26. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ 3,0 3,1 „Женминби го зголеми влијанието во околните подрачја“. Народен дневник. 2004-02-17. Посетено на 2007-01-13. (англиски)
Тековен девизен курс на CNY | |
---|---|
Од Google Финансии: | MKD AUD CAD CHF EUR GBP HKD JPY USD RUB |
Од Yahoo! Финансии: | MKD AUD CAD CHF EUR GBP HKD JPY USD RUB |
Од XE.com: | MKD AUD CAD CHF EUR GBP HKD JPY USD RUB |
Од OANDA.com: | MKD AUD CAD CHF EUR GBP HKD JPY USD RUB |
Надворешни врски
- Јуан Ренминби - Историски и тековни банкноти на Кина (CNY / RMB) 1953-2019 (англиски) (германски) (француски)
- Јуан ФЕЦ - Сертификати за девизи (FEC) на Народна Република Кина 1980-1994 година (англиски) (германски) (француски)
|