Effects of the storage conditions on the stability of natural and synthetic cannabis in biological matrices for forensic toxicology analysis: An update from the literature

Додај врски
Стефан Андоновски
Министер за Дигитална трансформација
На должноста
Стапил
23 јуни 2024
Претседател Гордана Силјановска-Давкова
Премиер Христијан Мицкоски
Претходник Наим Бајрами (Како министер за Информатичко општество и администрација)
Лични податоци
Роден(а) 17 април 1991(1991-04-17)(33 г.)
Скопје, Македонија, СФРЈ
Народност Македонец
Партија ВМРО-ДПМНЕ
Установа Правен факултет „Јустинијан I“ - Скопје
Професија Правник
Вероисповед Православие

Стефан Андоновски (17 април 1991, Скопје) — македонски политичар, член на ВМРО – ДПМНЕ и тековен министер за дигитална трансформација (поранешно: [1]Министерство за информатичко општество и администрација). Андоновски активно ги зборува англискиот и италијанскиот јазик, а се служи и со грчкиот и германскиот јазик.

Образование и рана кариера

Дипломирал во 2013 година на Правниот факултет "Јустинијан Први" во Скопје, за да веднаш по дипломирањето добие стипендија на Министерството за образование и наука и Владата на Република Македонија за студентите кои ќе бидат примени на 100 најдобри универзитети во светот според ранг листата на Шангајскиот Џиао Тонг Универзитет и запишува магистерски студии на Универзитетот Џонс Хопкинс[2] во САД каде што станува магистер по меѓународни односи[3]. Во моментов е докторант на Правниот факултет "Јустинијан Први" во Скопје.

Политичка кариера

Како член на ВМРО–ДПМНЕ извршува повеќе партиски функции во партиските органи и во моментов ја извршува функцијата секретар за меѓународна соработка на ВМРО–ДПМНЕ и раководител на Партискиот истражувачко аналитички центар „Љубиша Георгиевски“[4] '

На локалните избори во 2021 година е избран за член на Советот на Град Скопје[5]

Пред политичкиот ангажман, пет години работи во бизнис секторот во Македонија и е консултант на меѓународни донаторски проекти во областа на дигиталниот маркетинг, комуникации и медиуми. Има напишано трудови и колумни во домашни и меѓународни списанија, фокусирајќи се на меѓународна медијација и преговори, како и на уставни реформи во постконфликтни системи[6][7]. Стефан Андоновски е и актуелен стипендист на Фондацијата „Конрад Аденауер“.

На 23ти Јуни 2024 г. Андоновски бил избран министер за новото министерство за дигитална трансформација во Кабинетот на Христијан Мицкоски.[8]

Наводи