Effects of the storage conditions on the stability of natural and synthetic cannabis in biological matrices for forensic toxicology analysis: An update from the literature

Иван Стоилковиќ
Податотека:Иван Стоилковиќ.png
Министер за Односи меѓу заедниците
На должноста
Стапил
23 јуни 2024
Претседател Гордана Сиљановска-Давкова
Премиер Христијан Мицкоски
Претходник Артан Груби
Лични податоци
Роден(а) 15 јануари 1962(1962-01-15)(62 г.)
Куманово, НР Македонија, ФНРЈ,
Народност Србец
Деца 2
Вероисповед Православие

Иван Стоилковиќ (српски: Иван Стоилковић; Куманово, 15 февруари 1962) — македонски политичар. Тој моментално е министер за Односи меѓу заедниците и водач на Демократската партија на Србите во Македонија

Животопис

Иван Стоилковиќ е роден во српско семејство во Куманово на 15 февруари 1962 година. Основното образование го завршува во родниот град, а потоа се запишува во Гимназијата „Гоце Делчев“ во родниот град. По завршување на средното образование, се запишува на Правниот факултет на Скоспкиот универзитет, студирајќи во политичко-правена насока. Женет е и има ќерка и син.

Покрајсрпскиот, цтечно зборува македонски, англиски и руски јазик. Пред да стане професионален политичар 1992-2002, бил основач и директор на приватното градежно претпријатие, “LAMAX CO”, Куманово .

Политичка кариера

  • 1986-1990, Претседател на Младинскиот совет во Куманово
  • 15.12.2001, на II-от Конгрес на Демократската партија на Србите во Македонија е избран за Претседател.
  • 15.09.2002, на Парламентарните избори е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија од страна на Демократска партија на Србите во Македонија.
  • 05.11.2005, на III-от Конгрес на Демократската партија на Србите во Македонија е избран за Претседател.
  • 05.07.2006, на Парламентарните избори е избран за пратеник во Собранието на Р Македонија.
  • 01.06.2008, на вонредните Парламентарни избори е избран за пратеник во Собранието на Р Македонија.
  • 15.11.2009, на IV-от Конгрес на Демократската партија на Србите во Македонија е избран за Претседател.
  • 09.11.2013, на V-от Конгрес на Демократската партија на Србите во Македонија е избран за Претседател.

Наводи