Effects of the storage conditions on the stability of natural and synthetic cannabis in biological matrices for forensic toxicology analysis: An update from the literature

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Население: Јазична исправка, replaced: основана на пописот → заснована на пописот
Rescuing 1 sources and tagging 0 as dead.) #IABot (v2.0.9.5
 
Ред 220: Ред 220:
Во селото постои избирачко место бр. 2215 според [[Државна изборна комисија на Македонија|Државната изборна комисија]], кое е сместено во основното училиште.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://mojotizbor.mk/arhiva/parlamentarni-izbori-2011/9-uncategorised/194-opisi-na-izbiracki-mesto.html|title=Описи на ИМ|last=|first=|date=|work=|archive-url=https://web.archive.org/web/20230817210325/https://mojotizbor.mk/arhiva/parlamentarni-izbori-2011/9-uncategorised/194-opisi-na-izbiracki-mesto.html|archive-date=2023-08-17|dead-url=|accessdate=28 август 2018|url-status=dead}}</ref>
Во селото постои избирачко место бр. 2215 според [[Државна изборна комисија на Македонија|Државната изборна комисија]], кое е сместено во основното училиште.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://mojotizbor.mk/arhiva/parlamentarni-izbori-2011/9-uncategorised/194-opisi-na-izbiracki-mesto.html|title=Описи на ИМ|last=|first=|date=|work=|archive-url=https://web.archive.org/web/20230817210325/https://mojotizbor.mk/arhiva/parlamentarni-izbori-2011/9-uncategorised/194-opisi-na-izbiracki-mesto.html|archive-date=2023-08-17|dead-url=|accessdate=28 август 2018|url-status=dead}}</ref>


На [[Локални избори во Македонија (2017)|локалните избори во 2017 година]], на ова избирачко место биле запишани вкупно 125 гласачи.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=https://rezultati.sec.mk/Local/Results?cs=mk-MK&r=r&rd=r1&eu=All&m=78&ps=2642|title=Локални избори 2017|last=|first=|date=|work=|archive-url=|archive-date=|dead-url=|accessdate=28 август 2018}}</ref>
На [[Локални избори во Македонија (2017)|локалните избори во 2017 година]], на ова избирачко место биле запишани вкупно 125 гласачи.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=https://rezultati.sec.mk/Local/Results?cs=mk-MK&r=r&rd=r1&eu=All&m=78&ps=2642|title=Локални избори 2017|last=|first=|date=|work=|archive-url=https://web.archive.org/web/20210506185539/https://rezultati.sec.mk/Local/Results?cs=mk-MK&r=r&rd=r1&eu=All&m=78&ps=2642|archive-date=2021-05-06|dead-url=|accessdate=28 август 2018|url-status=dead}}</ref>


== Културни и природни знаменитости ==
== Културни и природни знаменитости ==

Последна преработка од 15:25, 22 јуни 2024

Согле

Поглед на селото Согле

Согле во рамките на Македонија
Согле
Местоположба на Согле во Македонија
Согле на карта

Карта

Координати 41°35′26″N 21°33′10″E / 41.59056° СГШ; 21.55278° ИГД / 41.59056; 21.55278
Регион  Вардарски
Општина  Чашка
Област Азот
Население 116 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1415
Повик. бр. 043
Шифра на КО 29070
Надм. вис. 390 м
Слава Мала Богородица
Согле на општинската карта

Атарот на Согле во рамките на општината
Согле на Ризницата

Согле — село во областа Азот, во Општина Чашка, во околината на градот Велес.

Географија и местоположба

Поглед на селото

Селото се наоѓа во областа Азот, во средишниот дел на територијата на Општина Чашка, во средното сливно подрачје на реката Бабуна.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 390 метри.[2]

Селото Согле се наоѓа на левиот брег на реката Бабуна. Куќите се наоѓаат во мало проширување на долината на Бабуна околу железничката пруга Велес-Прилеп. Околни села се: Теово, Богомила, Бистрица и Мелница.

Жителите се снабдуваат со вода од бунари. На атарот на Согле избиваат изворите: Горно Согле, Осојница и Градиште, а стоката се пои од Бабуна.

Границата на атарот води преку следните предели: Орланик, Рамновец, Дрење, Рид, Бабуна, Било, Градиште, Корија, Калја, Стража, Кориски Дол, Тумба, Студена Вода, Вртешка, Рудина, Лилјачица, Простица (планински превој спрема Мелница) и Пладник.

Внатрешните делови на атарот ги носат следните називи: Турски Дол, Присој, Лозница, Горно Согле, Осој, Бута, Кашкала, Ливадица, Дупки, Садовица, Бачилиште и Завој.

Селото е од збиен тип и се разикуваат Горно или Торбешко Маало, Долно или Скеревско Маало и Селмановско Маало. Првото е десно од железничката пруга додека останатите се лево.

Историја

Согле е старо село во областа Азот и долината на Бабуна: се споменува уште во средниот век. Други пишани споменувања на Согле потекнуваат од 1476/7 и 1481 година, кога имало 22 односно 40 македонски христијански куќи, а неговите жители биле дервенџии. Во Согле најпрвин живеело православно македонско население.

Во првата половина на XIX век тука слуга бил некој говедар – муслиман викан Торбеш од селото Мелница со подалечно потекло од околината на Дебар. Тој во Согле го довел и своето семејство. После тоа ги повикал и муслиманските Албанци од прилепските села Црнилиште и Десово. Кога во Согле имало 5-6 муслимански домаќинства, тие на најразлични начини, но најмногу со насилства и злосторства ги иселиле сите христијани. Последните Македонци го напуштиле Согле во втората половина на XIX век. Иселени Македонци од Согле има во околните села во Богомила се родовите Мишевци, Веселиновци и Антевци и во Теово. Некои иселеници од родот Кршаковци до скоро живееле во соседното село Бистрица, па потоа се отселиле во Скопје.

За ова сведочи и Ѓорче Петров во својата книга „Материјали по изучувањето на Македонија“ од 1896 година. Тој запишал дека Согле е на 1 ½ час од Ореше и на 2 часа од Богомила со 70 куќи. Некогаш тоа било чисто македонско село, сопственост на црквата Света Богородица. Пред 45 години во него се населил некој дебранин Џафер и прочиениот разбојник Мале, поранешен полјак во селото. Христијаните од страв почнале да се иселуваат при што селото станало чисто турско. Соглевци најмногу одгледуваат тутун, од кој вадат до 6000 товари годишно.

Во XIX век селото било дел од Велешката каза од Отоманското Царство.

Во 1912 година, Согле имало околу 70 муслимански куќи. Тогаш сите жители зборувале главно албански, затоа што бројот на доселените Албанци од прилепските села Црнилиште и Десово бил поголем (околу 2/3) од бројот на мијачките Македонци–муслимани („Торбеши“). Сепак, македонскиот јазик во Согле не бил сосема истиснат, тој се говорел особено во домаќинствата чии членови склопувале брачни врски со Македонците-муслимани од Мелница. После Првата светска војна 12 домаќинства отишле во Турција.

И покрај тоа, во 1954 година Согле го достигнало претходниот број на куќи. После тоа од ова село започнале големи иселувања на муслиманите. На местото на иселениците се доселувале бројни Македонци христијани од разни села во горниот слив на Бабуна. Потоа се доселиле и неколку албански домаќинства од Косово.

Североисточно од Согле на растојание од 2,5 километри е месноста Бачилиште. Таму се наоѓа манастирот Света Богородица изграден во 1856 година. Манастирот денес има многу убави и обновени конаци. Истите мајстори кои го ѕидале манастирот ја изградиле и џамијата на сретсело. За време на изградбата на манастирот во Согле имало и нешто христијани. Согленскиот манастир преку дарувања станал прилично богат. Имал околу 300 кози, 50 говеда, 200-300 кошници со пчели и нешто ниви. Две ниви на манастирот подариле согленските муслимани. За да се чува стоката и обработува земјата во манастирот престојувале и до 30 работници. Стопанското значење на манастирот почнало да опаѓа по Втората светска војна. Сепак, на денот на манастирската слава – Мала Богородица таму се собираат бројни жители од разни места. Денес, манастирот е обновен и сѐ повеќе посетуван од луѓе. „За болест и џумбус“ манастирот го посетувале и некои муслимани од Согле.

Потегот Горно Согле се наоѓа на илјада метри западно од денешното село. Изгледа дека таму некогаш се наоѓале куќи. Сега во нивите на тој предел се изоруваат делови од ќерамиди, а таму постојат и „ќункови (цевки) за вода“. Потезите Градиште и Каља се на границите на атарот. Градиште е кон Ореов Дол, а Каља кон Теово. Според некои археолошки истражувања се смета дека гробот на попот Богомил кој го започнал богомилството како верско и општествено движење, се наоѓа токму во атарот на селото Согле и тоа во близината на муслиманските гробишта кои се наоѓаат до селото од западната страна. Од шеесеттите години се основани и нови христијански гробишта од источната страна на Согле. На тоа место се наоѓале остатоци од стари гробови, а се зборува дека имало и остатоци од црква, која денес е возобновена.

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 20,2 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 813 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 486 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 493 хектари.[2]

Селото, во основа, има мешовита функција.[2]

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948371—    
1953461+24.3%
1961320−30.6%
1971275−14.1%
1981201−26.9%
ГодинаНас.±%
1991123−38.8%
1994127+3.3%
2002137+7.9%
2021116−15.3%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Согле имало 400 жители, сите Албанци муслимани.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 400 Албанци.[4]

Селото не е големо. Тоа во 1961 година броело 320 жители, од кои 224 биле Турци, а 91 жител Македонци. Во 1994 година бројот се намалил на 127 жители, од кои 83 биле Македонци, 19 Албанци, 16 Турци и пет жители Срби.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Согле живееле 137 жители, од кои 88 Македонци, 43 Албанци, 3 Турци, 2 Срби и 1 останат.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 116 жители, од кои 70 Македонци, 41 Албанец, 1 останат и 4 лица без податоци.[6]

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Согле:

Година Македонци Албанци Турци Роми Срби Ост. б.п. Вкупно
1948 371
1953 12 1 447 1 0 0 461
1961 91 1 224 2 2 320
1971 189 14 52 0 4 16 275
1981 112 14 15 0 5 55 201
1991 72 13 28 0 4 6 123
1994 83 19 16 0 5 4 127
2002 88 43 3 0 2 1 137
2021 70 41 0 0 0 1 4 116

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Родови

Денешното население на Согле е мешано. Во него живеат и македонски христијански и албански муслимански родови. Во шеесеттите години на XX век Македонците имале 31 куќа, а Албанците 18, или вкупно 49 домаќинства.

Македонските родови во Согле се доселени после 1956 година на имоти купени од иселени Албанци и носат имиња според селата од каде што дошле: Папрадиштани (10 к.) од Папрадиште, Ореовчани (8 к.) од Ореов Дол, Капиновци (3 к.) од Капиново, Бистричани (2 к.) од Бистрица, Орешанци (2 к.) од Ореше, Теовчани (2 к.) од Теово. Нежиловци (2 к.) од Нежилово, Мокренчани (1 к.) од Мокрени, Богомилци (1 к.) од Богомила.

Постари албански родови се: Селманоски (3 к.) се доселиле од прилепското село Црнилиште, а подалечното потекло им е од северна Албанија каде од областа Љума преку пределот Горна Река во западна Македонија дошле во овие краишта. Во Согле имале најголем број на домаќинства и свое посебно маало. Секерески (3 к.) доселени се од прилепските села Црнилиште или Десово и тие водат подалечно потекло од северна Албанија, а исто така имале поголем број домаќинства и свое посебно родовско маало. Торбешлари (4 к.) имаат македонско потекло, а подалечното потекло го влечат од некое мијачко муслиманско село во сливот на Радика во западна Македонија. Овде дошле преку селото Мелница во долината на Тополка. Нивното маало е во горниот крај на селото над железничката пруга. Имаат доста иселеници во Турција. Членовите на првите два рода брачни врски склопувале најмногу со Албанци од прилепските села Црнилиште и Десово, додека членовите на родот Торбешлари брачни врски склопувале со Македонците-муслимани од Мелница во сливот на Тополка.

Помлади, поново доселени албански родови во Согле се: Косовари (5 к.) дојдени од повеќе села во Косово, Црнилиштани (1 к.) дојдени од Црнилиште и Десовчани (2 к.) се доселиле од Десово, а во шеесеттите години на XX век во едно нивно домаќинство живееле маж Албанец и жена Македонка (Лилјана) кои во бракот имале 3 деца.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Чашка, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Богомила.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Титов Велес. Селото припаѓало на некогашната општина Богомила во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Теово, во која покрај селото Согле, се наоѓале и селата Габровник, Мокрени, Оморани, Ораов Дол, Плевење и Теово. Општината Теово постоела и во периодот 1950-1952 година.

Избирачко место

Во селото постои избирачко место бр. 2215 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[8]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 125 гласачи.[9]

Културни и природни знаменитости

Главната селска црква „Св. Пантелејмон“
Цркви[10]
Манастири
Џамии

Редовни настани

  • Мала Богородица — црковнонароден собор со голем број посетители во истоимениот манастир во Согле.

Иселеништво

Споменати се иселувањата на старото македонско население во Согле кои воделе во околните села Богомила, Бистрица и Теово. По ослободувањето од турското ропство, т.е по Првата светска војна селото го напуштиле 12 семејства, сепак по Втората светска војна, иселувањата во Турција биле помасовни. Голем број од муслиманските семејства се населиле во Истанбул и Ак-Хисар.

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 278. Посетено на 28 август 2018.
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 158.
  4. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 16 јули 2013.
  6. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  7. „Образование“. Општина Чашка. Посетено на 2 август 2018.
  8. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 28 август 2018.
  9. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2021-05-06. Посетено на 28 август 2018.
  10. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски