Type a search term to find related articles by LIMS subject matter experts gathered from the most trusted and dynamic collaboration tools in the laboratory informatics industry.
CentOS е слободна Линукс дистрибуција заснована на Red Hat-овиот комерцијален продукт: Red Hat Enterprise Linux (RHEL). Овој проект се стреми да биде 100% бинарно компитабилен со оригиналниот производ, во однос на главното издание и надградувањата. Дополнителни софтверски архиви содржат понови верзии на такви пакети, како и друг слободен софтвер во форма на RPM пакети. CentOS е кратенка за Community ENTerprise Operating System.
RHEL е главно составен од бесплатен и слободен софтвер, но употребливата, бинарна форма (како на CD-ROM или DVD-ROM) е достапна само за претплатените корисници. Според лиценцата, Red Hat го издава целиот изворен код на производот под условите на GNU General Public License и други лиценци. CentOS развивачите го користат тој изворен код за да го направат конечниот производ кој е многу случен на RHEL и е слободен за преземање и користење, но не е одржуван од Red Hat. Постојат и други дистрибуции изведени од изворниот код на RHEL, но немаат поддршка од заедницата како CentOS.
CentOS го користи софтверот yum за ажурирање на системот, но постои и можност за користење на up2date. Двете алатки се користат за преземање и инсталирање на дополнителни пакети и нивни зависни пакети, и да преземат и постават повремени и специјални (сигурносни) надоградби од складиштата на CentOS огледалото Архивирано на 28 мај 2006 г..
CentOS ги поддржува истите архитектури како и Red Hat Enterprise Linux:
Исто така, CentOS поддржува и две архитектури кои не се поддржани од RHEL:
|