Type a search term to find related articles by LIMS subject matter experts gathered from the most trusted and dynamic collaboration tools in the laboratory informatics industry.
Збороред[1] — поим во лингвистиката кој се однесува на проучувањето на редоследот на синтаксните елементи на еден јазик, но и какви видови зборореди постојат меѓу јазиците. Главниот збороред кој е од интерес е „составниот редослед“ на дел-реченицата, односно релативниот редослед на подметот, предметот и прирокот, редоследот на придавките, броевите, показните зборови во именската фраза и останати прилози.
Некои јазици имаат релативно строг збороред, кои често се ослонуваат на редоследот за да се изразат некои граматички функции/ информации. Од другата страна пак, јазиците имаат флекција, односно користат афикси, имаат пофлексибилен збороред. Како и да е, секој јазик претпочита еден збороред кој се користи најчесто.[2]
збороред | македонски пример |
застапеност кај јазиците[3][4] |
јазици | |
---|---|---|---|---|
SOV | Томе писмо носи. | 45% | хинди, јапонски, латински | |
SVO | Томе носи писмо. | 42% | македонски, англиски, кинески | |
VSO | Носи Томе писмо. | 9% | хебрејски, ирски, запотечки | |
VOS | Носи писмо Томе. | 3% | фиџиски, малгашки | |
OVS | Писмо носи Томе. | 1% | апалајски, тамилски | |
OSV | Писмо Томе носи. | 0% | јамамадиски, вараоански |
Постојат повеќе видови зборореди, кои се класифицираат од најчесто застапени до најретко застапени:
|